ТОПЛОТЕН БРАН
Црвен крст Штип денес организираше активност која беше во насока на грижа за здравјето на сограѓаните во пресрет на топлотниот бран. Во соработка со ПЗУ “Прим. Д-р Самарџиски” денес на нашите сограѓани им беа дадени лекарски совети за постапување за време на топлите летни денови, на возрасните минувачи им беше измерен крвниот притисок, а во рамки на активноста волонтерите делеа флаширана вода на минувачите во најфреквентниот дел од градот.
Една од најсуштинските препораки, е редовно пиење вода и хидрирање на организмот.
Наша цел и обврска е да им бидеме на услуга на нашите сограѓани, особено на старите и немоќни лица кои се најзасегнати од високите температури и т.н. топлотен бран.