070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

Општа Медицина

Матичната служба во ПЗУ Прим. Д-р Самарџиски вклучува две амбуланти по општа медицина со три тима матични лекари кои овозможуваат брза и ефикасна услуга во две смени. Нашиот тим работи веќе две децении, заедно градејќи доверба и разбирање помеѓу пациентите и соработниците, а со тоа нашите пациенти добиваат брза и квалитетна услуга за прегледите, упатите и рецептурата.

02om

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРЕГЛЕД КАЈ МАТИЧЕН ЛЕКАР

Со имплементрање на Електронската Здравствена Картичка (ЕЗК) во ПЗЗ потребна документација за преглед кај својот матичен лекар е само ЕЗК и приложување на тековна или постара медицинска документација за комплетирање на прегледот.

 

Прегледот кај матичниот лекар не се закажува.

 

Приватниот преглед се наплаќа кај доктор од ПЗЗ во согласност на референтните цени на Министерство за здравство на Р Македонија.

ИЗБОР НА МАТИЧЕН ЛЕКАР

Секој здравствено осигуран граѓанин на Р. Македонија има право за сопствен избор на матичен лекар. Пријавувањето се врши само со приложување на Електронската Здравствена Картичка (ЕЗК) во просториите на Прим. Д-р Самарџиски.

 

Исто така можете да се пријавите и електронски со пополнување на електронската апликација. За сите нови матични пациенти, Прим. Д-р Самарџиски нуди избор на еден бесплатен пакет од нашите услуги и тоа: бесплатна крвна слика, бесплатна кардиоваскуларна процена или бесплатен 24 часовен АБП холтер.

Стани матичен пациент

ДOМАШНА ПОСЕТА

Домашните посети и прегледи извршени од стана на медицинскиот тим составен од доктор и мед. сестра нудат медицинска асистенција, проценка на состојбата на болниот, проверка на примањето редовна медикаментозна терапија и при тоа социјална интеракција со болниот. При влошена општа состојба и/или кај пациентите со хронични заболувања во домашни услови можат да се извршат следниве услуги:

  • Општ преглед
  • Мерење на крвен притисок
  • Земање на крв за анализи
  • ЕКГ на срце
  • Пулсоксиметрија
  • Спирометрија
  • Третман на декутабилни рани
  • Поставување и промена на урокатетар
  • Ампликација на ампуларна терапија
  • Инфузии
Domasna poseta

МАТИЧНИ ЛЕКАРИ

Д-р Симона Трајчевска
специјалист по
семејна медицина

Д-р Викторија
Станкоска Ефтимова
специјалист по
семејна медицина
Д-р Катерина
Јакимова Димитров
доктор по
општа медицина
Д-р Драган Јанев
доктор по
општа медицина
Verified by MonsterInsights