070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

СПОРТ И ИСХРАНА

Спортот има многу значајна улога за здравјето на луѓето. Од една страна служи како хоби, а од друга страна за одржување на здравјето на луѓето кое статистички гледано секојден е се позагрозено. Во поглед на здрави навики на живеење, исхраната завзема централно место и, заедно со спортот, се ставаат на едно исто рамниште бидејќи се надополнуваат.

 

Луѓето кои спортот го користат за одржување на здравјето потребна им е оптимална прехрана, а пак за спортистите, исхраната треба да биде со повисоки енергетски вредности бидејки организмот во тие моменти (тренинг, натпревари) е изложен на најголеми оптеретувања.

 

Оптимална спортска исхрана треба да содржи хранливи продукти во такви количини кои ќе го задоволат потребниот секојдневен и континуиран напор. Посебно за спортисти кои трошат премногу енергија потребно е повеќе протеини заради зголемување на мускулната маса. Потрошените калории зависат во прв ред од интензитетот на тренингот. Можат да се потрошат од 5000-10000 калории на ден. Некои статистички податоци покажуваат дека во рок од еден час можат да се потрошат од 1000-1500 калории.

КАКО СЕ ВРШИ ПРЕНОС НА ЕНЕРГИЈАТА ВО МУСКУЛОТ?

Енергијата која е потребна за да ја користат мускулите ја дават јаглехидратите и мастите. Енергијата која настанува при разградните процеси на хранливите материи не се користи веднаш за контракција на мусклуте, туку најпрво во мускулите се разложува во облик на фосфати богати со енергија. Мускулот располага со два типа на фосфати богати со енергија: АТП (аденозинтрифосфат) и КП (креатинфосфат). АТП претставува основен извор на енергија за мускулната контракција и тој се состои од аденинрибоза и трифосфатни остатоци. Оделувањето на фосфатните остатоци од АТП е всушност процесот при којшто се ослободува енергија.

ВЛИЈАНИЕТО НА ЈАГЛЕХИДРАТИТЕ И МАСТИТЕ ВО СПОРТСКИТЕ РЕЗУЛТАТИ

За добивање на енергијата од јаглехидратите и мастите влијаат три фактора:

 

1. Содржината на енергија во калории/џули,
2. Добивање енергија од АТП во однос на потрошениот кислород,
3. Протокот на енергија односно брзината на ослободување на енергија во единица време.

 

Мастите претставуваат неисцрпен извор на енергија, меѓутоа од друга страна го имаат тој недостаток што добивањето на енергија од нив е значително помало во споредба со она од јаглехидратите.

 

Врз основа на многубројните испитувања во пракса треба да се земат во обзир следниве важни услови:

 

  • Исхрана богата со јаглехидрати, многу е важна ако предходно залихите со гликоген во мускулите се испразнети во текот на тренингот;
  • Гликогенот во мускулите кои мируваат не може да се мобилизира туку тој се транспортира во мускулите кои работат. На ефикасноста на поедините мускули влијание имаат само сопствените залихи на гликоген во него.

 

Протеините после водата се незаменливи, за функциите на виталните органи како што се: црниот дроб, мозокот, разни ензими и мускулите. Без протеините се нарушува и природниот имунолошки систем.

Спортистите од кои се бара сила и брзина не би смееле да земаат помалку од 1.5 gr протеини на килограм телесна тежина. Недостатокот на протеини ја смалува активноста на различни ферментациски процеси кои се одговорни за одвивање на оксидациските процеси. Со зголеменото внесување на протеини кај спортистите се зголемува потребата за внесување на витамин Б6. Потребано е протеинските концентрати да се земаат со млеко и млечни производи бидејки на тој начин се постигнува добра искористувачка, како и задоволување на потребите за калциум.

 

Како што веќе знаеме при спортските активности се губи голема количина на вода (потење). При тоа доаѓа до дисбаланс на вода и електролити во организмот. Губењето на 1.5 литри вода има влијание на телесната способност, доаѓа до промена на пермеабилноста на клеточната мебрана, се смалува максималниот минутен волумен на срцето, грчење на мускулите и колапс на циркулацијата. Сето тоа е резултат на дехидратацијата и губитокот на електролити кои се излачуваат со потта. Бидејќи електролитите освен осмотска улога (NaCl), пред се имаат електрохемиска улога (распределбата на натриум и калиум во екстра и интрацелуларниот простор) како и невромускулна улога (калциум-магнезиум). Па поради тоа нивниот дефицит негативно ќе делува на телесната способност.

 

Еден литар пот може да содржи 1-2 gr натриум, освен натриум се губат и други важни електролити како калиум, хлор, магнезиум, железо. Токму поради тоа спортистите потребно е да користат храна и течности богати со вода, електролити и витамини.

``ЗДРАВЈЕТО НЕ Е СЕ, НО БЕЗ ЗДРАВЈЕ СЕ Е НИШТО`` - Парацелзиус

JОГАТА И ЗДРАВЈЕТО

Во денешниот свет грижата за здравјето на човекот прераснала во планетарен феномен, а грижата за сопственото здравје е и природна обврска на секој поединец. Здравјето на човекот му е поважно и попотребно од било кое друго богатство. Настојувањето на луѓето да ја одржат и да ја подобрат својата психофизичка здравствена состојба, да ги спречат болестите и страдањата од една страна, исто така, се возвишени како и можноста да им се овозможи оздравување на милиони, кои очајнички копнеат по здравјето. Да се биде витален и здрав во текот на целиот живот е императив за секого и човекот е во вечна потрага по начинот кој ќе му овозможи секојдневието да му биде исполнето со здравје, хармонија, радост, среќа.

 

Во својата долговековна традиција јогата го зачувала автентичниот и природен начин на одржување и подобрување на виталноста и на здравјето во својата изворност и севкупност. Таа подучува дека се позитивно и добро е во нас, само треба да имаме малку поцврста волја и се што е потребно ќе го најдеме во себе. Од личноста ,,робови на современи навики,, кои трчаат ваму-таму, ќе станеме господари на навиките и на самите себе. Во нашето секојдневие треба да внесеме грижа за самите себе – за повторно воспоставување единство меѓу телото, дишењето и умот. Тоа го овозможува јогата, во одреден неделен ритам, во еден природен амбиент на постепено учење и самодисциплина, да го одржуваме или повторно да го стекнеме севкупното здравје (физичко, ментално, социјално и спиритуално).

 

Здравјето се одржува и се негува, а тоа кое е нарушено се подобрува и се хармонизира со веќе потврдени техники на :

 

  • РЕЛАКСАЦИЈА– кои ја враќаат изгубената рамнотежа меѓу телото, дишењето и умот,
  • ТЕЛЕСНИ ВЕЖБИ – асани кои ја враќаат еластичноста, подвижноста на телото и неговото здравје, го држи буден и активен нервниот систем, а жлездите за внатрешно лачење ги активира и ја хармонизира нивната работа.

 

Со контролирано и свесно дишење – пранајама, со техники на концентрација – дарана, техники на прочистување- хата, крија, банди, мудри и медитативни техники развиваме способност да владееме со телото, да го контролираме здивот, да господариме со умот и да го исполниме секојдневието во кое ние ќе господариме со себе, исполнети со здрав, хармоничен, радосен, слободен и среќен живот.

Verified by MonsterInsights