070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ИСТОРИЈАТ

ПЗУ ``Прим. Д-р.Самарџиски`` како светилник на хуманоста веќе две децении со најголема сила Ве потсетува на нашата заедничка обврска покрај грижата за своето здравје да се грижиме и едни за други.

1998

26 ГОДИНИ
НИЕ, ВИЕ И ЗДРАВЈЕТО

ПЗУ ” Прим. Д-р Самарџиски” е приватна здравствена установа,
основана во Мај 1998 година со цел да го унапредува и подобрува здравјето на своите пациенти.

 

Работата ја започна на 1 Септември, на ул. Пиринска бр.75-б во изнајмени простории, како амбуланта по општа медицина.

2001

2 ОКТОМВРИ

Започна со работа
амбуланта по Општа медицина
во с.Караорман

2004

24 АВГУСТ

Започна со работа
специјалистичка ординација
по Интерна медицина

2005

21 март

Започна со работа
биохемиска лабораторија

НАШАТА ВИЗИЈА е да го трансформираме здравствениот систем преку здрави навики за квалитет, сигурност и услуга. Да бидеме препознати по нашите задоволни пациенти, колеги доктори и пријатели како установа за:

 

 

  • Најдобро место за добивање на здравствена нега;
  • Најдобро место за работа и практикување медицина;
  • Да бидеме препознаени како високо квалитетна општествена организација и тим кој работи заедно за подобрување на здравјето и секојдневниот живот на тие што ѓи услужуваат.

НАШАТА МИСИЈА  е преку континурирана и професионална услуга да допреме до граѓаните и да ја разбудиме во нив желбата да станат дел од оваа визија. Да ги мотивираме и предочиме да работат во тим, да се вклучат во акции за помош на ранливите категории и онаму каде што е повредено човековото достоинство.

 

ПЗУ “Прим Д-р Самарџиски” без разлика на раса, вера и определби, пренесува и споделува заедничката грижа и помош на сите оние на кои им е потребна.

 

Взаемната соработка со останатите организации и институции ни овозможува брзо и професионално извршување на бројни активности, проекти, презентации и учевства. Со нашиот ентузиазам и ентузијазамот на нашите пациенти успеавме да создадеме и пружиме квалитена и ефикасна услуга на секој што е потребно. Се надеваме дека во овој, трет милениум, луѓето од целиот свет ќе уживаат во подобар живот.

2005

30 август

Започна со работа
аптека “МЕДИФАРМ”

2006

7 АПРИЛ

Излезе првиот број на весникот
Ние Вие и Здравјето
– информативно списание –

2007

15 ЈАНУАРИ

Се формира клубот
за здрав начин на живот
“Ние Вие и Здравјето”

Verified by MonsterInsights