070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

КОНТРОЛА НА СТРЕС

ПСИХИЧКА НАПНАТОСТ

Кај 20% до 50% болни, кои го посетуваат општиот лекар, забележуваме знаци на болести што се последица од психичката напнатост. Болните се жалат дека чувствуваат напнатост и страв, вознемиреност, замор, редразливост, пречки во концентрацијата и различни други органски тешкотии (храно-варителни пречки, забрзан пулс, треперење на рацете, потење).

 

Други болни страдаат од депресивност, малодушност и безволност. Овие знаци обично се проследени и со општа лоша состојба, несоница и губење на апетитот.

 

Некои пак, првенствено имаат тегоби со лошото спиење. Несоницата не е болест, таа е само знак за некоја болест. Обично придружува други телесни или душевни заболувања. Болните тешко заспиваат или не можат да спијат непрекинато (често се будат или рано се будат). Таквиот сон нема закрепнувачко дејство, затоа наутро се будат уморни и поспани.

 

За лесните психички тегоби се мошне погодни билните препарати од Лековата домашна аптека, кои дури имаат и некои предности во однос на синтетичките лекови:

 

  • Немаат несакани дејства;
  • Не ги намалуваат работните способности;
  • Не предизвикуваат навика и толеранција дури и по долготрајно земање ( ова значи дека и по подолго земање не чувствуваме потреба секојпат за поголеми дози).

 

 

Verified by MonsterInsights