070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ЛАБОРАТОРИЈА

Специјалистичката дијагностичка лабораторија при ПЗУ „Прим. Д-р Самарџиски“ Ви нуди брзи, прецизни, ефикасни и навремени услуги.

Правилната дијагностика е основа на понатамошниот тек на лекувањето на пациентите. За да го обезбедиме ова, одиме по чекор со светските новини на полето на современа апаратура и надградување на сопствениот кадар, воведување на методи за испитување по препораките на меѓународните стручни здруженија, квалитетен потрошен материјал и организација која овозможува безбеден проток на биолошкиот материјал и аналитичка работа.

 

Специјалистичка дијагностичка лабораторија ПЗУ “ Прим. Д-р Самарџиски” врши услуги од областа на лабораториска хумана медицина (биохемиско, хематолошко и имунолошко тестирање на примероци од хумано потекло). Опремата и реагенсите се од врвни светски брендови како: MINDRAY 240 Pro, BioMerieux, MEDIWISS кои се сертифицирани преку надворешна контрола на квалитет од PREVECAL (Шпанија) и ESfEQA (Герамија). На овој начин се гарантира високо ниво на точност и прецизност во резултатите и квалитетот на услугите.

ЛАБАРОТОРИСКИ УСЛУГИ

ИЗРАБОТКА НА НАД 1000 РАЗЛИЧНИ БИОХЕМИСКИ ПАРАМЕТРИ

УПАТСТВА ЗА ПАЦИЕНТИ

ПРОТОКОЛИ ЗА ЗЕМАЊЕ
КРВ, УРИНА, ФЕЦЕС И ОГТ ТЕСТ

ДОМАШНА ПОСЕТА

ЛАБОРАТОРИСКИ УСЛУГИ
ВО ВАШИОТ ДОМ

Поради интердисциплината работа помеѓу интернистичко – дијагностичкиот центар од колегите специјалисти и примарното здравство, лабораторијата континуирано нуди услуги неопходни за дијагностика на итни/ургентни состојби и заболувања од областа на кардиологијата, ортопедија, нефрологијата, гинекологијата, трансфузиона медицина и хематологија, со можност за изработка на анализите и за помалку од 1 час. Со цел подобрување на текот на работата на лабораторијата со нашите соработници, доктори и клиенти направена е инсталација на ЛИС (лабораториски информационен систем) за сигурен и контролиран проток на податоци во институцијата, како и со надворешните соработници.

 

Нашите услуги се комплетираат во делот на издавање на резултати, со што се врши индивидуална проценка и интерпретација од страна на Специјалист по медицинска биохемија со повремено предложување на можности за понатамошна дијагностика се со цел да се дојде до вистинска дијагноза и сатисфакција и доверба во нашата работа од страна на пациентите.

ЛАБОРАТОРИЈА

Мр. Д-р Мануела
Манева Ристова
специјалист по
медицинска биохемија

Викторија Цацкова
дипломиран
хемиски инженер
Verified by MonsterInsights