070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

АПТЕКА МЕДИФАРМ

Аптеката Медифарм започнува со работа од 30.08.2005год., а има склучено договор со ФЗО на 22.03.2007 год. и издава лекови кои се на позитивна листа. Како дел од конвенционалната медицина е и лекувањето со лекови, кое претставува едно од клучните помагала во решавењето на здравствените проблеми.

Во неа се вршат набавки на сите потребни лекови за задоволување на потребите на пациентите.

Аптеката располага со сите потребни лекови кои можат да се набават со лекарски рецепт, лекови што се купуваат без рецепт, чаеви, палета производи наменети за деца како и производи од областа на здравата исхрана.

Се со цел да се обезбеди првокласна нега и лекување на нашите пациенти, како и навремено обезбедување на висококвалитетни лекови, аптеката успешно соработува со повекето реномирани веледрогерии како: Еуролек, Хемофарм, Еурофарм, Феникс, Фармас, Галафарм, Фитофарм и др.

Исто така, вработените во аптеката имаат тесна соработка со целиот персонал на ПЗУ Самарџиски со цел навремено информирање за сите новини во областа на фармацијата, како и информирање во врска со дозирањето на лековите, следење на несаканите дејства, контраиндикации и индикации, а сето тоа носи бројни придобивки во давањето на здравствените услуги. Добра клима за работа и меѓусебна доверба Аптека Медифарм има воспостаено и со голем број на други ординации и здравствени работници, а сето тоа води кон подобрување на општото здравје на пациентите.

ФАРМАЦЕВТИ

Елка Гаџова
дипломиран фармацевт

 Весна Милева
дипломиран фармацевт
Тања Јанева
фармацевтски техничар
Verified by MonsterInsights