070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search

ВАШЕТО МОЛЕКУЛАРНО ЈАС

Биохемиско – дијагностичката лабораторија Прим. Д-р Самарџиски во соработка со Лабораторија за генетика и пресонализирана медицина при Жан Митрев Клиника Ви овозможува да го запознаете вашето МОЛЕКУЛАРНО ЈАС.

Персонализираната медицина е нова насока во медицината, којашто има за цел предвидување на здравствените проблеми и болестите и нивно проактивно превенирање, наместо ретроградно третирање на симптомите на болеста.

За разлика од досегашната практика, веќе се повеќе ни е јасно дека здравствената заштита не треба да се фокусира на болеста, туку на здравјето; не на статусот на болеста, туку на нејзината траекторија, односно како и зошто се развила чекор по чекор; не на третман базиран на патологија, туку на третман кој ќе превенира патологија; не на емпириски избор на лек, туку на изборот на индивидуално најдобриот третман со континуирана оптимизација.