ПРЕТСТАВНИЦИ НА MINDRAY ОД НР КИНА
Во просториите на специјалистичка дијагностичка лабораторија ПЗУ Прим. Д-р Самарџиски на 01.06.2022 во еднодневна посета беа претставници од Mindray – Кина и Фармахем – Скопје на која ги дискутиравме нашите искуства со биохемискиот анализатор BS-240 Pro, хематолошкиот анализатор BC-5120 и уринометарот UA-66 кои се користат во нашите простории над 15 години.
Овие посети се добродојдени бидејки од прва рака ги дознаваме најсовремените технолошки новитети и ги воведуваме во нашата секојдневна работа. Горенаведените анализатори се под редовна надворешна и внатрешна контрола на квалитет од PREVECAL и ESfEQA со што обезбедуваме точност и сигурност во секој издаден резултат.
Ние веруваме дека секој тест што го правите е важен, бидејки секој пациент е важен за нас.