ТЕРАПЕВТСКИ МОДАЛИТЕТИ И ДИЛЕМИ ВО ТРЕТМАНОТ НА АТРИЈАЛНА ФИБРИЛАЦИЈА

Во организација на Здружението на Интернисти на Р.Македонија и фармацевската куќа Баер се одржаа 5 работилници во Тетово, Штип, Битола, Охрид и Скопје на тема “Терапевтски модалитети и дилеми во третманот на Атријална Фибрилација”.
Неправилна срцева работа или предкоморно треперење е најчестата стекната аритмија која се карактеризира со брза ирегуларна работа на преткоморите и пренесување на импулсите кон коморите. Атријалната фибрилација (АФ), е најчеста форма на срцева аритмија со која се сретнуваат клиничарите и докторите во лекарските ординации.
Според клиничката манифестација и времетраењето на оваа состојба интернационалите асоцијации ESC, AHA и ACC, атријалната фибрилација ја класифицираат во 4 групи: новодијагностицирана, пароксизмална, перзистентна и перманента.
Прогноза во лекувањето е поврзана со веќе постоечко заболување на срцето. Варира од одлична – кога појавата на АФ е идиопатска, до многу лоша – кога исхемичната кардиомиопатија е актуелно заболување на срцето.
Третманот на оваа состојба се состои во правилно ординирана антиаритмична терапија, контрола на фрекфенција и антигоагулантна терапија.
Овие едукативни работилнии беа модерирани од Проф. Д-р. Љубица Георгиевска Исмаил и доц. Д-р. Лидија Попоска од Универзитетска клиника за кардиологија, Скопје.
На последната работилница во Скопје Д-р. Борислав Манев имаше приказ на случај “Од новодијагностицирана до перманентна Атријална Фибрилација”, односно дијагноза, иследувања и третман на Атријална Фибрилација.