070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search

ИЗБОР ЗА НАЈУСПЕШНА ЖЕНА ПРЕТПРИЕМАЧ

Маркетинг агенцијата “Маркетинг Микс” ја номинираше Прим. Д-р Цветанка Манева Самарџиска во Изборот за најуспешна жена претприемач во југоисточниот регион на Македонија.

Маркетинг агенцијата “Маркетинг Микс” за првпат во Македонија организира Избор за најуспешна жена претприемач од источен и југоисточен регион.

Улогата на жените претприемачи во Македонија во последните години се повеќе се зајакнува и проширува. Нивното учество во реализација на позитивните промени во бизнис секторот и воспоставувањето на нови стандарди во работењето е од исклучително значење за развојот на економијата.

Во источниот и југоисточниот дел на Македонија постојат низа успешни бизнис приказни кои треба да бидат промовирани на национално ниво, како позитивни примери кои ќе ги охрабрат и останатите жени со претприемачки способности да се вклучат во развојот на своите идеи. Во потесниот круг од извршените анкети влегоа повеќе од 30 жени номинирани од бизнис секторот.