5ти МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ПО КАРДИОЛОГИЈА
Во периодот од 04ти до 07 јуни 2014 година во Скопје се оддржа Петтиот Македонски Конгрес по Кардиологија со меѓународно учество.
Кардиоваскуларните заболувања се сеуште водечка причина за морбидитет и морталитет во светот и кај нас. Главни теми на конгресот беа интервентната кардиологија, акутниот коронарен синдром, имиџинг техниките и периферната артериска болест.
Покрај овие теми се дебатираше и за превентивната кардиологија, останатите неинвазивни техники, електрофизиологијата и електростимулацијата, срцевите мани, кардиопатиите, акутната и хронична срцева слабост, кардиохирургијата, педијатриската кардиологија.
Конгресот беше организиран со пленарни предавања од домашни и интернационални експерти, симпозиуми, тркалезни маси, орални и постер презентации од областа на современата кардиоваскуларна медицина.
На овој конгрес активно учество зеде и Прим. Д-р Цветанка Манева Самарџиска и Д-р Борислав Манев.