070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search

ПРЕВЕНЦИЈА НА ДИЈАБЕТЕС

Шеќерната болест (дијабетес) е хронично заболување, кое се јавува кога панкреасот не продуцира доволно инсулин или пак кога веќе произведениот инсулин телото не може ефективно да го искористи. Смртноста од оваа болест на годишно ниво е застапена со 5%. Најголем број на случаи заболени од дијабетес се на возраст од 45 до 64 години. Во земјава се регистрирани околу 180.000 лица заболени од дијабетес.

ПЗУ Прим Д-р Самарџиски во соработка со Црвен Крст – Штип, одржа едукативна работилница за превенција на дијабетес и дебелина кај постара популација во Здружението на пензионери во која учество земаа 30 пензионери. Еден од најважните фактори за менаџирање на дијабетес е контрола на исхрана и во тој дел беа поделени совети за здрава исхрана.

Др. Мануела Манева Ристова изврши мерење на гликемија на сите присустни пензионери и беа дадени препораки за следење и менаџирање на гликемискиот статус.

Verified by MonsterInsights