МОВЕМБЕР 2022
Месец Ноември е резервиран за нашите браќа, партнери, татковци и пријатели чие здравје е можеби загрозено, а Вие не сте информирани.
За сите Вас, Прим. Д-р Самарџиски во соработка со Ротари клуб-Штип обезбеди 100 бесплатни испитување на ПСА (простата специфичен антиген) со цел рано откривање на бенигно или малигно заболување на простатата.
100 наши сограѓани, си ги проверија своите ПСА вредности во само две недели.
Беше организирано и предавање за превенција и дијагноза на заболувања на простата, од страна на Ротари клуб Штип и Ротари клуб Кочани-Виница, што се одржа во Петок 18.11.2022г. во големата сала на Општина Штип.
Присутните добија и ваучери за бесплатно испитување на PSA во лабораторијата на ПЗУ Прим Д-р Самарџиски.