ХЕЛИКОБАКТЕР ПИЛОРИ
На ден 23.01.2014год. во просториите на Црвен Крст Штип се одржа едукативна трибина на тема “Хеликобактер Пилори”. Основните инфорамции за оваа бактерија, нејзината етиологија, симптологија како и начинот на дијагностирицирање и третман беше презентиран од стручните тимови на лабораториите ПРИМ Др. Самарџиски и Авицена лабораторија од Скопје.
Хеликобактер пилори предизвикува повеќе од 90% од чиревите (улкус) на дуоденум (дванаесетпалачно црево) и до 80% од чиревите на желудникот. До 1982 година, кога е откриена бактеријата, се мислело дека главни предизвикувачи на улкус на гастроинтестиналниот тракт се јако зачинета и кисела храна, стрес и лоши животни навики. Така, пациентите добивале разни лекови кои само ги ублажувале симптомите на болеста, но не доведувале до излекување. Најчесто, по прекин на терапијата симптомите се враќале. Денес е јасно дека причината за симптомите и болеста кај тие пациенти била бактерија која “преживувала” во организмот.