СВЕТСКИ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ
По повод светскиот ден на борба против ракот на ден 4ти Февруари 2012 во просториите на Црвен Крст Штип се оддржа едукативна трибина на тема “Малигни неоплазми”.
Оваа трибина е дел од серијалот едукативни активности на нашата ординација за отворена дискусија за малигните заболувања и подигнање на јавната свест за преземање чекори во однос превенција на карциномите.
На овој конгрес активно учесто зеде и Прим. Д-р Цветанка Манева Самарџиска. Преку заедничка постер презентација со УГД Гоце Делчев од Штип, беа презентирани методите и едукативниот пристап достапен за нашите пациенти. А преку овие методи до контрола на ревматолошките состојби и болести.
Статистиката во Р.Македонија покажува дека малигните заболувања земаат се поголем замав и веќе ја надминуваат првата причина за смртност односно кардиоваскуларните заболувања.
Малигни неоплазми, тумор маркери, колоректален карцином, карцином на дојка и карцином на простата беа теамите презентирани и дискутирани на оваа трибина од страна на Д-р Марина Јовановска Апостолова, Д-р Борислав Манев, Д-р Тихомир Милев и Дип. Хемиски инжинер Викторија Цацкова.
Модератор на настанот беше Прим. Д-р Цветанка Манева Самарџиска.