070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search

6-ти КОНГРЕС ЗА ИСТОРИЈА НА МЕДИЦИНАТА СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО

На ден 23.11.2018 год. во просториите на “Порта Македонија“ – Скопје, се одржа “6-ти Конгрес за историја на медицината со меѓународно учество“, во организација на Македонска асоцијација за историја на медицината (МАИМ).

Конгресот беше отворен од страна на Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев кој ги поздрави организаторите, учесниците и предавачите на конгресот. Дел од учесниците дојдоа во Македонија со цел да се осврнат на историјата на развојот на медицинските области во повеќе земји. Во своете обраќање д-р Милошев истекна дека Министерството за здравство е посветено на континуирана медицинска едукација која преставува еден од основните чинители на професионален развој и надградба на здравствените работници. “Само со пренесување на знаењата, вештините и искуствата на врвните доктори низ историјата можеме да ги изградиме сегашните и идните генерации доктори и здравствени работници кои заеднички ќе го унапредуваат здравствениот систем.“

Претседателот на здружението Македонска асоцијација за историја на медицината (МАИМ), Г-ѓа Елена Јосимовска по повод 20 годишен јубилеј од основање на асоцијација и додели благодарница на Прим Д-р. Цветанка Манева Самарџиска за значаен придонес и збогатување на историјата на медицината во Македонија.

Д-р. Цветанка истакна дека таа и нејзиниот тим ќе продолжат со активно учество, организирање на инфорамтивни и едукативни кампањи, проекти и настани со цел на информирање и насочување на нашите сограѓани од медицински аспект.