13
February
0
Comments
PITSTOP – OBESITY MASTER CLASS 2024
in АКТИВНОСТИ
Се поголемата застапеност на дебелината како глобален здравствен предизвик беше темата и фокусот на „PITSTOP – Obesity Master Class 2024“, кој се одржа на 25 и 26 Септември во Букурешт, Романија. Овој стручен настан е посветен на најновите пристапи во третманот на оваа состојба што директно влијае врз кардиоваскуларното здравје. Програмата вклучуваше предавања од светски реномирани експерти, интерактивни работилници и стручни дискусии на теми како што се:
- современи методи во управувањето на телесната тежина,
- регулација на апетитот и метаболни нарушувања,
- мултидисциплинарен пристап во третманот на пациенти со дебелина,
- интеграција на нови терапии во клиничката пракса.