НАЈДОБРОТО ОД ИСТОКОТ 2023
На состанок одржан во хотелот „Мајбери“ во Свети Николе, дваесеттина новинари од источниот регион, членови на регионалниот актив на новинари „Исток“, ги избраа најдобрите во повеќе категории кои со својата работа, успешни резултати и посветеност придонеле за развојот и угледот на регионот во нашата држава а дел од нив и во странство. Ова беше десетти, јубилеен избор.
Здравство:
ПЗУ „Прим. Д-р Самарџиски“-Штип.
Оваа приватна здравствена установа минатата година одбележа 25 години постоење, успешна работа и развој, а во моментот работи со четири тима матични лекари, интервенции во областа на интерната медицина со модерни и ефективни медицински апарати, а тука е и најсовремената лабораторија. Прим. Д-р Самарџиски е прогласена за најдоброто во здравството во Источниот регион за 2023 година од страна на Регионалниот актив на новинари “Исток”. Им благодариме за укажаната чест и одличната организација на настанот. Ние продолжуваме да растеме заедно и да се грижиме едни за други. Ние, Вие и Здравјето