Покрај овие органи со доплер сонографија се визуелизира и проценува системската циркулација која поминува низ абдоменот (абдоминална аорта, вена кава инфериор) и циркулацијата во самиот хепар или бубрези.
Ехо на абдомен претставува дијагностичка процедура која се користи за преглед на органите во абдоменот, односно визуализација на црниот дроб, жолчното ќесе, панкреасот, бубрезите, слезенката, простата и мочен меур.
Покрај овие органи со доплер сонографија се визуелизира и проценува системската циркулација која поминува низ абдоменот (абдоминална аорта, вена кава инфериор) и циркулацијата во самиот хепар или бубрези.
Ехо дијагностиката ни дава слики од анатомската распределба на органите и структурите внатре во телото. Апаратот користи високо фреквентни ултразвуци кои се рефлектирани од ткивата и органите. Компјутерот ги детектира овие бранови и формира слика. Меѓутоа, за разлика од х – зраците (РТГ) или CT скенот, овој тест не го изложува пациентот на јонизирачко зрачење.
При изведување на тестот пациентот треба да е легнат. Се аплицира гел, врз база на вода, на кожата на абдоменот на пациенотот кој служи за пренос на ултразвуците.
Болести кои најчесто се среќаваат и го зафакаат абдоменот се замастување (стеатоза) на црниот дроб, камења во жолчното кесе и бубрези, камења во мочниот меур, хепатоспленомегалија, туморски промени во органите во абдоминалната празнина, бубрежни промени на паренхимот или одводните канали.
Врз основа на моменталната клиничка слика и презентација со која доаѓа пациентот на преглед, тестот може да биде назначен за откривање на причините за болка во абдоменот, локализација на бубрежна инфекција, дијагноза или следење оток во пределот на абдоменот, откривање на оштетување после повреда, откривање на оштетување на црнодробното ткиво после наод на абнормални крвни тестови на црнодробните ензими.
Ехо прегледи со ултразвук. Испитување со кое се увидува анатомскиот изглед и се снима работата на срцето преку звучни бранови.
Метода која ни дава информација за локализацијата и структурата на тироидната жлезда како и нејзините патолошки промени.