070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ЕХОКАРДИОГРАФИЈА

Ехокардиографија, исто така позната и како ехо преглед со ултразвук, е испитување со кое се увидува анатомскиот изглед и се снима работата на срцето преку звучни бранови.

Со помош на ехокардиографијата лекарите добиваат многу важни податоци за структурата, формата и моториката на срцето. При користење на оваа дијагностичка процедура со соодветни мерења и димензии се добива една глобална слика за срцето како орган кој е сместен во средниот дел на градниот кош, опкружен со белите дробови и заштитен со коскените ребра и мускули на градниот кош.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?

Вашиот доктор може да назначи ехо испитување за да ја прегледа структурата и ефикасноста на вашето срце. Тестот е потребен кај пациенти кај кои се регистрирани срцеви шумови, имаат прележан миокарден инфаркт, градна болка, стегање или печење во пределот на градите, прележана ревматска треска, вродена срцева мана.

КАКО СЕ ОДВИВА ПРОЦЕДУРАТА?

Ехо кардиографијата ја изведува интернист или кардиолог. Се изведува во лежечка позиција или во лежечка позиција на левиот колк, се нанесува гел на водена база во пределот на градите. Со поставување на рачна сонда, со ултра високи звучни бранови се добиваат слики од вашето срце и валвули. Во оваа испитување не се користат х-зраци. Работата на срцето се гледа на монитор. Оваа метода е неинвазивна, безболна и не предизвикува контраиндикации. Нема негативни ефекти и може да се примени на рана возраст, а доколку е потребно испитувањето може да се повтори.

Ехокардиографијата овозможува увид во внатрешноста на срцето и крвните садови. Така може директно да се видат атеросклеротските промени, да се оцени протокот во крвните садови или евентуални неправилности на изгледот и работата на срцевиот мускул. Со оваа процедура можат да се откријат и дијагностицираат голем број на срцеви заболувања и да се процени понатамошниот третман и следење.

СПЕЦИЈАЛИСТИ

Прим. Д-р Цветанка
Манева Самарџиска
специјалист интернист
Д-р Борислав Манев
специјалист кардиолог

ДРУГИ ИСПИТУВАЊА

ЕХО НА АБДОМЕН

ЕХО НА АБДОМЕН

Дијагностичка процедура која се користи за преглед на органите во абдоменот.

ЕХО НА ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА

ЕХО НА ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА

Метода која ни дава информација за локализацијата и структурата на тироидната жлезда како и нејзините патолошки промени.