070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ЕХО НА ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА

Ехо на тироидната жлезда е метода која ни дава информација за локализацијата и структурата на тироидната жлезда како и нејзините патолошки промени.

Тироидна жлезда, позната уште како штитна жлезда поради својата форма на штит, е сместена на предната страна на вратот непосредно под Адамовото јаболко (гркланот), од двете страни на душникот. Се состои од два лобуса (лев и десен) кои се споени со еден помал жлездест дел наречен истмус. Тироидните нодули, како најзастапена појава при заболувања на тироидната жлезда може да се појават во обата лобуа или во истмусот. Пореметувањата во поглед на функцијата на тироидната жлезда се карактеризираат со намалено или зголемено лачење на тироидните хормони. Целта на тироидната жлезда е создавање, чување, и ослободување на тироидните хормони во крвта. Овие хормони, тироксин (Т4) и тријодтиронин (Т3), влијаат на речиси секоја клетка во вашето тело и му помагаат на организамот да ги контролира сите функции во вашето тело. Ако имате премалку хормони создадени и ослободени од тироидната жлезда во вашата крв, вашиот метаболизам се успорува. Оваа состојба се нарекува хипотироидизам. Ако имате премногу тироидни хормони во крвта, вашето тело забрзува. Оваа состојба се нарекува хипертироидизам.

КОГА ДА СЕ ЈАВИТЕ НА ЛЕКАР?

Кај зголемено лачење на тироидни хормони се јавува забрзана работа на срцето, забрзан моталитет на перисталтика, зголемено потење, слабеење, кршливост на ноктите, нервоза, инсомнија. Додека, кај намалено лачење на тироидните хормнони се јавува поспаност, успореност, отоци на нозете и лицето, заборавеност, опстипација, дебелеење и покрај истиот начин на исхрана.

АНАМНЕЗА

Според возраста на пациентот – кај помлади од 20 год и постари од 70 год постои зголемена можност за малигна промена. Генетските фактори, надворешните влијанија, недостатокот на јод во исхраната, како и  јонизирачки зрачења доведуваат до симптоми на хипер или хипофункција на тироидната жлезда.

ЕХО

Метода која ни дава информација за локализацијата и структурата на тироидната жлезда како и нејзините патолошки промени е ехо ултразвук. Тоа е безболна процедура која се изведува непосредно кај вратот каде што се наоѓа штитната жлезда. Со ова испитување може да се забележат промени доколку ги има, во однос на големината на жлездата, симетричноста на двата лобуси од кои е составена, дали има присуство на цистични формации, јазли и сл.

ЛАБОРАТОРИСКИ ИСПИТУВАЊА

Со земање на крв се добиваат вредности на Т3 (тријодтиронин) и Т4 (тироксин), хормоните кои што ги лачи штитната жлезда, кои можат да бидат покачени, намалени или во граници на нормала. Тиреостимулирачкиот хормон (TSH) најчесто се испитува заедно со тироксинот (тироиден панел) за подобра евалуација на работата на “feedback” системот во организмот, кој одржува стабилни плазма концентрации на хормоните од тироидната жлезда. Тиреостимулирачкиот хормон (TSH) истотака се користи за: кај новородените за скрининг на хипотиреоидизам, следење на терапија со тироидни хормони кај хипотиреоидизам или анти-тироидна терапија кај пациенти со хипертиреоидизам, при евалуација на инфертилност. Понатаму, тироидните Антитела (антиТПО) може да бидат индицирани за испитување ако докторот се сомнева на автоимуно заболување на тироидната жлезда.

СПЕЦИЈАЛИСТИ

Прим. Д-р Цветанка
Манева Самарџиска
специјалист интернист
Д-р Борислав Манев
специјалист кардиолог

ДРУГИ ИСПИТУВАЊА

ЕХО НА АБДОМЕН

ЕХО НА АБДОМЕН

Дијагностичка процедура која се користи за преглед на органите во абдоменот.

ЕХОКАРДИОГРАФИЈА

ЕХОКАРДИОГРАФИЈА

Ехо прегледи со ултразвук. Испитување со кое се увидува анатомскиот изглед и се снима работата на срцето преку звучни бранови.

Verified by MonsterInsights