070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ESC CONGRESS 2025 – СВЕТСКИ КАРДИОЛОШКИ КОНГРЕС

ESC CONGRESS 2025 – СВЕТСКИ КАРДИОЛОШКИ КОНГРЕС

Европски конгрес по кардиологија претставува централен и водечки светски настан во областа на кардиоваскуларната медицина. Оваа година фокусот беше ставен на презентација на нови водичи и упатства за справување со валвуларни срцеви болести, миокардитис и перикардитис, кардиоваскуларни заболувања поврзани со бременост, како и концензус-документ за менталното и кардиоваскуларното здравје.

Дополнително се оддржа „Hot Line“ и “Late-Breaking Science” настани со најнови  клинички истражувања и нови терапии.

Дигиталната технологија и Вештачката интелегенција– примена на дигитални технологии и вештачка интелегенција во кардиолошката пракса,

Кардиометаболно здравје – разгледување на поврзаноста меѓу дијабетес, хипертензија, дислипидемии и нивното влијание врз срцевото здравје.

Настани од областа на општата кардиологија, симпозиуми со реални клинички случаи, интерактивни работилници и стручни дискусии.

Настанот беше подржан и лично посетен од кралското семејство и кралот Филипе 6ти. Тој беше гостин на Конгресот на ESC во Мадрид по повод 75-годишнината од конгресот. За време на настанот, тој одржа говор за кардиоваскуларното здравје, нарекувајќи го глобален предизвик и пофалувајќи ја работата на кардиолошката заедница. 

Овој настан беше посете од 32.000 учесници од 170 земји од светот.