070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

АЛЕРГИИ

ТИПОВИ НА АЛЕРГИИ И СООДВЕТЕН ТРЕТМАН

На многу лесен и едноставен начин можеме да дојдеме во контакт со алергени. Чистење, играње со милениче или едноставно излегување од дома за време на алергиска сезона може да предизвика различен степен на алергиска реакција. Оваа реакција може да настане како резултат на допирање, проголтување или инхалирање на алергенот. Кога еднаш одреден алерген навлезе во организамот, имунолошкиот систем се активира и создава антитела против соодветниот алерген.

АЛЕРГИСКИ ОДГОВОР

Алергиите се јавуваат како резултат на несоодветна имунолошка реакција на организамот против безопасен протеин од околината (алерген). Алерген специфични Т хелперни клетки (Th) играат главна улога во патогенезата на алергиските хиперсензитивни реакции. Овие клетки активираат комплексни имунолошки реакции кои водат до ослободување на потентни медијатори и зголемување на бројот на инфламаторни клетки, како резултат на што доаѓа до алергиски одговор кој води до појава на клинички симптоми на алергиско заболување.

ТИПОВИ НА АЛЕРГИИ

  • Алергиски ринитис (алергиска реакција на полен или друга микроскопска супстанција);
  • Уртикарија;
  • Хиперсензитивна реакција како резултат на непосреден контакт со отровен бршлен и други видови трева;
  • Алергија од убод на пчела;
  • Алергија на влакна од миленичиња;
  • Алергија на латекс;
  • Алергија на лекови;
  • Егзема (атопичен дерматитис);
  • Алергија на храна (ореви, школки, разни видови на овошје, јаткасти плодови, млеко, јајца, риба, соја, итн.);
  • Алергија на сонце;

ПОСТАВУВАЊЕ НА ДИЈАГНОЗА

Постојат неколку методи за откривање на главниот причинител на хиперсензитивната реакција, од кои најчесто применувани се кожните тестови и определување на алергени преку крв.

 

За утврдување на присуството на алерген–специфични ИгЕ антитела, почесто се преферираат кожите тестови во однос на крвни тестови поради тоа што се сензитивни, специфични, едноставни и поекономични начини за утврдување на алергијата.

 

Кожните тестови со убод се изведуваат со помош на мали убоди во кожата на пациентот едноставно означени, на кои места се нанесува мала количина од алергенот или негов екстракт (полен, трева, јајца, бреза итн.). Понекогаш алергените се аплицираат интрадермално во кожата со помош на игла. Вообичаени делови од телото каде се вршат тестирања се внатрешната страна од подлактицата или грбот. Во колку пациентот е алергичен на одредена супстанција во рок од 30мин. може да се визуелизира видлива инфламаторна кожна реакција. Алергиската реакција се рангира од слабо зацрвенување (слабо позитивна) до одговор сличен на убод од комарец кај посензитивните пациенти.

 

Исто така се применуваат и крвни алергиски тестови. Овој вид на тестирање го одредува вкупното ниво на ИгЕ антитела пресметано врз основа на количината на ИгЕ антителата во серумот на пациентите. Радио – алергосорбент тестот (PACT) се користи кога не може да се примени кожниот тест, на пример кога кожниот јадеж е значително распространет. Постојат одредени типови на лекови кои можат да интерферираат во резултатите од кожните тестови, па затоа е потребно да се прекинат неколку денови до недела пред тестирањето. Лекови кои интерферираат се: антихистаминици, трициклични антидепресиви, моноамино оксидаза инхибитори.

ИСПИТУВАЊА

 

 

Во просториите на нашата лабораторија се воведени мултипараметарски серум тест панели за квантитативен скрининг и дијагностика на алергии и автоимуни заболувања.

ИНФОРМАЦИИ

ХОЛТЕР

Verified by MonsterInsights