АБП мониторинг е континуирано следење на крвниот притисок во тек на 24часа, додека ги извршувате вашите секојдневни активности.
Со холтерот за крвен притисок се откриваат варијации во вредностите на крвниот притисок и се дијагностицира хипертензивна болест. Тој помага пропишаната терапија да се дозира според дневниот ритам и да се попстигне ефикасно лекување на високиот крвен притисок, кој ако не е соодветно третиран доведува до срцеви или мозочни инфаркти, заболувања на бубрезите итн
Апаратот за АБП мониторинг ќе ви биде наместен во просториите на ПЗУ “Прим.Др.Самарџиски”. Испланирајте го денот кога ви е закажано испитувањето да не возите автомобил на долги релации и да не вршите тешки физички работи. Апаратот се состои од манжетна која се става на вашата рака и портабл рекордер кој ги регистрира мерењата на крвниот притисок ( стои во футрола на појасот ). Во дневниот период мерењата се вршат на секои 30мин.,а во нокниот период на секои 60мин.
Неуспешните мерења се повторуваат во интервал од 3мин. Секогаш кога ќе почне мерењето,сведете ја моменталната физичка активност на минимум, а раката на која носите манжетна нека мирува. Резултатите од мерењата нема да се прикажуваат на дисплејот.
Неопходно е да водите евиденција на вашите активности и тоа: времето на физички активности, одморот, времето на земање на терапијата ( доколку земате ) и сите симптоми кои ќе ги почуствувате. Покрај секојдневните активности неопходно е да направите неколку епизоди на замор ( одење по угорнина, брзо пешачење, качување и симнување по скали ). По 24часа се враќате назад за да се извади апаратот и компјутерски да се обработат податоците.
Доколку апаратот почне да мери постојано на секои 5мин. Контактирајте не на тел. 032/395-143 и консултирајте се со медицинската сестра како соодветно да постапите. Треба да внимавате да не ја движите раката на која имате манжетна и да не носите товар во неа додека трае самото мерење.
По обработка на податоците, резултатот го чита лекар, кој ја одредува терапијата и вашиот понатамошен третман. Доколку е потребно, тој ќе ве упати на понатамошни испитувања.