24ти КОНГРЕС НА БАЛКАНСКАТА КЛИНИЧКА ЛАБОРАТОРИСКА ФЕДЕРАЦИЈА (BCLF)
Во периодот од 5 – 7 Октомври, 2016 година, се оддржа 24тиот Конгрес на Балканската Клиничка Лабораториска Федерација (BCLF), во Тирана, Албанија на кој како претставници од ПЗУ Прим. Д-р Самарџиски, присуствуваа и земаа активно учество м-р Д-р Мануела Манева и дипл. хем. инж. Викторија Цацкова.
алканската Клиничка Лабораториска Федерација претставува регионална организација која ги вклучува сите Балкански држави, одн. Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Романија и Црнагора кои исто така се и членки на Европската (EFCC) и на Интернационалната Федерација на Клиничка Хемија и Медицинска Лабораторија (IFCC). Како регионална организација, BCLF организира собири на кои учестуваат клинички хемичари од целиот Балкански регион со цел промовирање и подобрување на клиничката лабораториска пракса во секоја поединечна Балканска држава.
Конгресот вклучуваше предавања од научен и истражувачки аспект, постер презентации и социјална програма. Конгресот го отвори и даде збор Претседателот на IFCC, Проф. Маурицио Ферари и Претседателот на BCLF Најдана Глигоровиќ Бархановиќ . Предавањата опфаќаа повеќе области од клиничко-хемиски аспект и презентирање на стручни трудови изработени во повеќе лаборатории ширум Балканот.
Темите опфаќаа заболувања со нивни биохемиски маркери и дијагноза, од областа на кардиоваскуларните болести, дијабетес мелитус тип 2, обезност, метаболен синдром, хематологија и колагулација, инфламаторни и хронични заболувања, оксидативен стрес и антиоксиданси, акредитација и контрола на квалитет во една лабораторија, имунолошки пореметувања итн.
Со свој труд се претстави и м-р Д-р Мануела Манева која прeдаваше за “Поврзаноста помеѓу вазомоторните симптоми со Дијабетес тип 2, Метаболен синдром и Инсулинска резистенција кај популација од пери- и постменопаузални жени.”
Учествувајќи заедно со делегати, специјалисти, индустриски партнери и колеги од Европа и Балканот овој Конгрес Ни овозможи размена на искуства, јакнење на нашите професионални комуникации, согледување и примена на новите достигнувања во апликација на нови биомаркер- технологии и тестирања, менаџирање на комплексни лабораториски структури. Ова искуство директно влијае врз унапредувањето на водење на една лабораторија за потребите и исходот на пациенот кој е главен фокус на нашата работа во Биохемиската лабораторија при Прим. Д-р Самарџиски – Штип.