070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

НЕФРОЛИТИЈАЗА

Бубрежните камења настануваат кога минералите присутни во урината кристализираат и формираат јадро. Ова јадро во почетокот е многу мало, како зрно песок, но со тек на време доаѓа до таложење на соли, па може да нарасне и до димензии од неколку сантиметри. Бубрежните камења, медицинска состојба наречена нефролитијаза, се честа причина за појава на крв во урината и предизвикуваат јака болка во слабината, стомакот или препоната.

Бубрежните камења се формираат кога ќе настанат промени во нормалниот баланс на вода, соли, минерали и други супстанци кои ги има во урината. Други хемиски компоненти кои можат да формираат камења во уринарниот тракт се уричната киселина и амино киселината – цистин. Дехидратацијата поради намален внес на течност го зголемува ризикот од формирање на бубрежни камења.

 

Некои луѓе почесто создаваат камења поради одредени медицински состојби или вродена предиспозиција. Зачестеноста на бубрежните камења расте драматично со возраста. Кај мажите по 40-тата година од животот и продолжува да расте сé до 70-тите години. Кај жените честотата на бубрежните камења го достигнува максимумот во 50-тите години од животот.

 

Бубрежните камења може да не предизвикуваат болки кога се локализирани во бубрегот, но ако излезат од бубрегот и навлезат во мочниот канал може да предизвикаат нагла, јака болка. Симптоми на патувачки бубрежен камен се: силна, грчевита болка во грбот, слабината, стомакот и препоната, како и појава на крв во урината. Ако постои придружна инфекција на уринарниот тракт, можна е појава и на покачена телесна температура и треска.

ДИЈАГНОЗА

Дијагнозата се поставува врз база на типичните симптоми кои ги предизвикува бубрежниот камен, како и со помош на одредени дијагностички методи: ултразвук, рендген снимка на уринарниот тракт, контрастна урографија или компјутеризирана томографија.

 

Кај трудници или пациенти каде не е пожелна експозиција на радијација прегледот со ултразвук може да помогне во поставување на дијагнозата. Зачуваноста на бубрежната функиција се утврдува со лабораториски испитувања и следење. Калкулите се отстрауваат и се аналзираат. Секогаш се неопходни лабораториски испитувања за утврдување на етиологијата на уринарната калкулоза со цел да се спречи нејзино повторување.

 

По првиот напад, задолжителни се следниве тестови:

 

  • Серумски калциум
  • Креатитнин
  • Уреа
  • Уринокултура
  • Ph на серум
  • Ph на урина.

ТРЕТМАН И ЛЕКУВАЊЕ

 

Повеќето бубрежни камења спонтано се исфрлаат од уринарниот тракт во првите 48 часа по почнувањето на бубрежниот напад. Лековите за болка можат да помогнат за ублажување на симптомите. Фактори кои можат да влијаат на исфрлањето на камењата од уринарниот тракт се: големината и физичката градба на пациентот, претходни спонтани исфрлувања на бубрежен камен, зголемена простата, бременост.

 

Големината на каменот има многу голема важност при оценувањето на можноста од спонтано исфрлање. Камен со големина од 4 мм има 80% шанси да биде спонтано исфрлен, додека камен со големина од 5 мм има 20% шанси за спонтано исфрлање. Камен поголем од 9-10 мм ретко спонтано се исфрла од уринарниот тракт и обично бара некаков вид на третман.

 

За камењата кои спонтано не се исфрлаат од уринарниот тракт се употребува процедура наречена литотрипсија (кршење на каменот). При оваа процедура се употребуваат шок бранови за да се искрши каменот на ситни фрагменти кои потоа спонтано се исфрлаат од уринарниот тракт. Постојат и хируршки техники за отстранување на камен од бубрегот и уретерот (перкутана нефролитотомија, уретерореноскопија или отворена хирургија).

СИМПТОМИ И ЗНАЦИ

Интензивна болка во вид на колика што се шири од ребрените лаци косо надолу кој долниот абдомен, кон ципите и тестисите. Микроскопска или макроскопска хематурија во 90%. Во анамнезата често има податок за предходен напад или фамилијарна оптовареност. Постои 50% тенденција за повторување во следните 10 години. Пациентите имаат потешкотии да седат мирно (во споредба со пациентите со перфориран уклус, кои повеке сакаат да лежат мирно). 90% од калкулите се визуелизираат со радиозраци (уратните се невидливи а цистеинските можат да бидат слабо видливи).

ПРЕВЕНЦИЈА

Најчеста причина за појава на бубрежната калкулоза е недоволното внесување на течности. Препорачливо е да се пие доволно течност за урината да биде бледо жолтеникаво обоена, односно што повеќе разредена. Затоа секојдневно треба да се пие најмалку 8 до 10 чаши вода.

ВИДОВИ КАЛКУЛИ И НИВНАТА ЕТИОЛОГИЈА

  • Калциумски калкули – 75%-80% од сите уринарни калкули. Најчесто се јавуваат кај мажи околку 20-тата година. Често е присутна наследна компонента. Етиологија: Идиопатска хиперкалциурија 25-30%, хипоцитратурија 20-30%, примарен хиперпаратироидизам 5%, хипероксалурија (диетални навики, по ресекција на црево) 15-30%.
  • Уратни калкули – 5-8% од сите уринарни калкули. Почести се кај мажите и во нивната етиологија на појавување спаѓа наследноста со 50% (најчесто испровоцирана од дехидратација),уринарната Ph помала од 5,5 треба да предизвика сомневање, пратечки гихт.
  • Калкулите асоцирани со инфекција на уринарниот тракт – Сочинуваат 10-15% од сите уринарни камења. Составени се од магнезиум амониум фосфат. Почести се кај жените. Формирани се како резултат на инфекција на уринарниот тракт (протеус, стафилококи, ешерихија коли).
  • Цистеински калкули – Околку 1% од сите уринарни калкули. Причина е наследен метаболен дефект.

ИНФОРМАЦИИ

ХОЛТЕР

Verified by MonsterInsights