Бубрежните камења се формираат кога ќе настанат промени во нормалниот баланс на вода, соли, минерали и други супстанци кои ги има во урината. Други хемиски компоненти кои можат да формираат камења во уринарниот тракт се уричната киселина и амино киселината – цистин. Дехидратацијата поради намален внес на течност го зголемува ризикот од формирање на бубрежни камења.
Некои луѓе почесто создаваат камења поради одредени медицински состојби или вродена предиспозиција. Зачестеноста на бубрежните камења расте драматично со возраста. Кај мажите по 40-тата година од животот и продолжува да расте сé до 70-тите години. Кај жените честотата на бубрежните камења го достигнува максимумот во 50-тите години од животот.
Бубрежните камења може да не предизвикуваат болки кога се локализирани во бубрегот, но ако излезат од бубрегот и навлезат во мочниот канал може да предизвикаат нагла, јака болка. Симптоми на патувачки бубрежен камен се: силна, грчевита болка во грбот, слабината, стомакот и препоната, како и појава на крв во урината. Ако постои придружна инфекција на уринарниот тракт, можна е појава и на покачена телесна температура и треска.