Правилната дијагностика е основа на понатамошниот тек на лекувањето на пациентите. За да го обезбедиме ова, одиме по чекор со светските новини на полето на современа апаратура и надградување на сопствениот кадар, воведување на методи за испитување по препораките на меѓународните стручни здруженија, квалитетен потрошен материјал и организација која овозможува безбеден проток на биолошкиот материјал и аналитичка работа.
Специјалистичка дијагностичка лабораторија ПЗУ “ Прим. Д-р Самарџиски” врши услуги од областа на лабораториска хумана медицина (биохемиско, хематолошко и имунолошко тестирање на примероци од хумано потекло). Опремата и реагенсите се од врвни светски брендови како: MINDRAY 240 Pro, BioMerieux, MEDIWISS кои се сертифицирани преку надворешна контрола на квалитет од PREVECAL (Шпанија) и ESfEQA (Герамија). На овој начин се гарантира високо ниво на точност и прецизност во резултатите и квалитетот на услугите.
Поради интердисциплината работа помеѓу интернистичко – дијагностичкиот центар од колегите специјалисти и примарното здравство, лабораторијата континуирано нуди услуги неопходни за дијагностика на итни/ургентни состојби и заболувања од областа на кардиологијата, ортопедија, нефрологијата, гинекологијата, трансфузиона медицина и хематологија, со можност за изработка на анализите и за помалку од 1 час. Со цел подобрување на текот на работата на лабораторијата со нашите соработници, доктори и клиенти направена е инсталација на ЛИС (лабораториски информационен систем) за сигурен и контролиран проток на податоци во институцијата, како и со надворешните соработници.
