Електрокардиографијата е уред кој ги мери електричните активности на срцето со цел да се испита мускулот на срцето и неговото функционирање.
24 часовен ЕКГ холтер мониторинг преставува дијагностичка процедура со која се врши континуиран (24часа) мониторинг на работата на вашето срце, додека ги извршувате вашите секојдневни активности. Со него се детектираат сите промени во срцевиот ритам и се дијагностицираат или исклучуваат срцевите аритмии. За време на тестирањето треба да водите дневник во кој ќе ги забележите вашите дневни активности односно периодот во кој спиете, земање на редовна терапија, физички активности (движење, качување по скали, угорнина итн) и сите сптоми кои ќе ги почуствувате во текот на овој ден.
Холтерот се поставува во просториите на ПЗУ Прим. Д-р Самарџиски. Апаратот се состои од 7 мали елекетроди кои се прилепуваат на вашиот граден кош и се поврзани со жици со мал портабилен ЕКГ рекордер (со големина на мобилен телефон). Овој дел од апаратот се носи на каиш околу појасот, а вие при тоа си ги извршувате сите редовни и секојдневни обрвски со исклучок на туширање, пливање или други активности кои предизвикуваат екцесивно потење.
По софтверска обработка на податоците, резултатот го чита лекар, кој ја одредува терапијата и вашиот понатамошен третман. Доколку е потребно, тој ќе ве упати на понатамошни испитувања.