070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ДOПЛЕР ЕХОКАРДИОГРАФИЈА

Доплер ултразвук е дијагностички скрининг метод кој користи звучни бранови за визуелизација/испитување, на делови од телото и го регистрира движењето на течноста низ крвните садови.

Доплер ехокардиографија претставува основен ултразвучен метод со кој се добиваат хемодинамски информации за кардиоваскуларниот систем, преку мерење на крвниот проток и неговата брзина и правец на струење.

ПРИЧИНИ ЗА ИСПИТУВАЊЕ

Доплер ултразвук се користи за :

  • Да го прикаже протокот на крв низ крвните садови и / или срцето
  • Да ги прикаже и оцени блокадите на протокот на крв, како што се згрутчувањата/плаките
  • Да даде проценка на плаката/атеросклерозната промена во внатрешноста на ѕидот на крвниот сад
  • Да го мониторира протокот на крв низ крвните садови кои подлегнале на бајпас интервенции

ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ?

Пред тестот вашиот лекар може да го направи следново:

  • Да ви направи физички преглед
  • Да побара да направите тест на крвта и/или урината пред прегледот со Доплер ултразвук

ОПИС НА ИСПИТУВАЊЕТО

Доплер ехокардиографијата ја изведува интернист или кардиолог. Се изведува во лежечка позиција или во лежечка позиција на левиот колк. Откако пациентот ќе го отстрани горнит дел од облеката се нанесува гел на водена база во пределот на градите и/или вратот. Гелот помага за подобра спроводливост на звучните бранови помеѓу машината и тело на пациентот.

Со цел да се добие добар квалитет на сликата потребно е да се употреби поголем притисок со рачниот дел од машината односно трансдуцерот. Ако притисокот создава непријатност, пациентот треба да го извести лекарот кој го изведува тестот. Во одреден период од испитувањето пациентот ќе слуша звуци кои потекнуваат од Доплерот.

Слики на срцето се добиваат од неколку различни локации на градите, од стомакот и подрачјето околу вратот гледајќи надолу на големите крвни садови кои доаѓаат од срцето.

Сите добиени податоци се анализираат од кардиолог откако тестот е завршен. Видео или дигитален фајл од тестот се документираат за во иднина.

Оваа метода е неинвазивна, безболна и не предизвикува контраиндикации. По испитувањето гелот се чисти од телото на пациентот и тој е во можност да се врати на нормалните активности.

Испитувањето има траење од околу 30 минути.

ЦЕЛ НА ТЕСТОТ

Индикации за изведување на Доплер ултразвук ехокардиографија или на каротидни и периферни крвни садови вклучува увид во следниве состојби:

  • Валвуларна стеноза и регургитација, преку мерење на протокот на крв низ срцевите валвули
  • Проценка на дијастолната и систолната функција на срцето, преку мерење на протокот на крв низ срцевите комори
  • Постоење на вродени срцеви маани како што се Атријален септален дефект/дуктус (АСД) и Вентрикуларен септален дуктус ВСД.
  • Каротидна болест (симтоматска и асимптоматска)
  • Периферна артериска болест на долните и горните екстремитети
  • ТИА или транзиторен исхемичен атак

СПЕЦИЈАЛИСТИ

Прим. Д-р Цветанка
Манева Самарџиска
специјалист интернист
Д-р Борислав Манев
специјалист кардиолог

ДРУГИ ИСПИТУВАЊА

ДОПЛЕР НА ПЕРИФЕРНИ КРВНИ САДОВИ

ДОПЛЕР НА ПЕРИФЕРНИ КРВНИ САДОВИ

Ултразвучен преглед на периферните крвни садови.

ДОПЛЕР НА КАРОТИДНИ АРТЕРИИ

ДОПЛЕР НА КАРОТИДНИ АРТЕРИИ

Ултразвучен преглед на крвните садови преку кои се овозможува исхраната на мозокот.

Verified by MonsterInsights