070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ДОПЛЕР НА КАРОТИДНИ АРТЕРИИ

Каротидните артерии се крвни садови преку кои се овозможува исхрана на мозокот. Често, тие претставуваат место каде што се создаваат атеросклеротични плаки коишто може да доведат до стеснување на самиот сад со последователно намалување на мозочното крвоснабдување, а, исто така, може да станат и извор на микротромби коишто од своја страна доведуваат до зачепување на крвните садови на мозокот.

Заболувањето на каротидните садови може да биде без симптоми, состојба означена како асимптоматска каротидна болест (стеноза на каротидната артерија >50%) или придружена со низа симптоми, состојба означена како симптоматска каротидна болест.

Симптомите коишто најчесто се јавуваат се: истострано слепило, слабост или одземеност на екстремитетите или лицето на спротивната страна, нарушување на говорот и други фокални невролошки симптоми.

Проценето е дека стенозата на каротидните артерии е причина за 25-40% од сите мозочни инфаркти, како и за појава на транзиторни исхемични атаки (ТИА) со инциденца од 68 на 100.000 население.

Откако ќе се дијагностицира каротидна болест, лекарот ординира лекување соодветно на степенот на оштетување на крвниот сад:

  • Медикаментозно, со лекови
  • Хируршко (каротидна ендартеректомија)
  • Интервенто (стентирање)

Врза база на многубројни испитувања дојдено е до заклучок дека најдобар третман за симптоматска каротидна болест претставува каротидната ендартеректомија (СЕА). Најподложни за СЕА се лицата кои боледуваат од шеќерна болест, болест на Бургер (лица кои пушат цигари со генетска предиспозиција за заболување на долните екстремитети), лица со вродени стенози на артериите на горните екстремитети.

СПЕЦИЈАЛИСТИ

Прим. Д-р Цветанка
Манева Самарџиска
специјалист интернист
Д-р Борислав Манев
специјалист кардиолог
Verified by MonsterInsights