070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ВОСПАЛЕНИЈА НА ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА

Тиреоидитисот е воспаление на штитната жлезда. Создава преодна хипертиреоза на која може да следи преодна хипотиреоза, но може и да не доведува до промена на функцијата на тироидната жлезда. Во светот најчесто воспаление на штитната жлезда е тиреоидитисот Хашимото.

Хашимотовиот тиреоидитис е автоимуна болест која своето име го добила според Д-р Хакару Хашимото, кој прв ја опишал во 1912год. Болеста се вбројува во групата на автоимуни тиреоидитиси кај кои, поради непознати причини, антителото се насочува против ткивото на штитната жлезда во која се синтетизираат хормоните и на тој начин доаѓа до промени во структурата на тироидната жлезда и пореметување на нејзината функција.

 

Овој вид на тиреоидитис е најчест кај постарите жени, а 8 пати е почест кај жените во однос на мажите. Доколку кај мажите се појави Хашимото, првично симптомите може да не бидат препознаени на време, па како резултат на тоа кај мажите подолго време перзистираат симптоми како што се намалено либидо, намалена потенција и др. Оваа автоимуна болест често е поврзана со други автоимуни болести како пернициозна анемија, Сјогренов синдром (автоимуна реуматска болест – кератоконјуктивитис, сува уста, болки во зглобовите) или системски лупус еритематозус (автоимуна болест при која се создаваат имуни комплекси кои се наоѓаат во крвните садови, бубрезите, кожата, мозокот), Адисонова болест (прекумерна жед, пиење на течности и мокрење).

КЛИНИЧКА СЛИКА

Хашимото може да почне како зголемување на тироидната жлезда, и тоа е најчесто безболно, неприметно. Некои од пациентите имаат чувство на стеснување на вратот, отежнато голтање итн. Меѓутоа, кај дел од пациентите, иако имаат проблем со тироидната жлезда, сепак немаат никакви клинички видливи симптоми. Кога се открива болеста, кај околу 20% се потврдува намалена функција на жлездата, а кај 80% иако постои ултразвучно променета штитна жлезда и таа, или е наголемена, а сепак нормално функционира.

ДИЈАГНОЗА

Болеста најчесто се дијагностицира со ултразвук, со одредување на Т3, Т4, TSH, но клучно за поставување на оваа дијагноза, за овој вид на хипотиреоза, е доказ за покачени антитела кон тироидната жлезда и тоа анти-Tg и анти-TPO, или пункција на тироидната жлезда. Ултразвучната слика е карактеристична за Хашимотовиот тиреоидитис, со подрачја на темни и светли структури, а понекогаш се присутни и јазли. Типична ултразвучна слика е шарена тироидна жлезда со изглед како “изедена од молци”.

ТЕРАПИЈА

Терапијата за оваа болест е иста како и за хипотиреозата, бидејќи не постојат лекови кои може да го намалат титарот на антителата против жлезденото ткиво. Тоа значи – надоместување на тиреоидните хормони кои недостасуваат. Кога се открива болеста, голем број од пациентите имаат нормална функција на жлездата, но кај повеќето се развива хипотиреоза. Лечењето се споредува со помош на редовни контроли и прегледи.

ИНФОРМАЦИИ

ХОЛТЕР

Verified by MonsterInsights