070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ШТО Е АСТМА?

Астма е хронична состојба која ги афектира дишните патишта на белите дробови. Твоите дишни патишта се цевки кои служат за носење на воздухот од и до белите дробови. Кога имате астма, значи овие патишта се воспалени и отечени.

Comparison of healthy lung and Asthmatic lung illustration

Поради ова оттекување (воспаление), дишните патишта созадаваат леплив, дебел слој на мукуз. Мускулите во и околу овие дишни патишта се затегнуваат и окрутуваат. Ова оттекување, мукузот и затегнатите мускули го намалуваат просторот за движење на воздухот што пак доведува до потешкотии во вдишувањето и издишувањето на воздухот.

 

КАКО ДА ДОЗНААМ ДАЛИ ИМАМ АСТМА?

Најчест симптом на астма е недостаток на воздух, “свирење во градите“, стегање во градите и кашлица. Понекогаш може да ги добиете сите овие симптоми, додека други денови само некои или воопошто да не се појават. Кога се манифестираат овие симптоми имате чувство дека дишите низ цевка, а може и да слушнете како градите “ви свират“ со самиот проток на воздухот во стеснетите дишни патишта. Кашлицата најчесто се јавува навечер или во утринските часови.

При “напад на астма“ – сите овие симптоми се манифестираат во една потешка и драматична форма. За време на напад на астма, дишењето станува многу брзо, дури имате потешкотии да говорите. Кашлање, свирење во градите и стегање во градите предизвикуваат чувство на анксиозност и страв. Доколку чувствувате дека имате силен напад на астма, мора веднаш да консултирате медицинско лице.

ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКУВА АСТМАТА?

Астмата може да биде наследна но и не мора. Доколку имате астма, вашите дишни патишта се поосетливи. Вашите дишни патишта можат многу брзо и лесно да бидат иритирани од многу различни тригери.

 

Под тригери подразбираме:

  • Алергија – алергија на полен, коров, дрва, трева, мувла, влакна од миленици, микроорганизми. Овие алергени предизвикуваат чешање на носот, очите, кашлица. Доколку белите дробови бидат доволно надразнети, може да иницират “напад на астма“.
  • Воспаление на дишниот тракт – фрекфентни воспаленија на белите дробови или синусите исто така може да предизвикат астма. Инфекциите можат да предизвикат подолгии иритиации од алергиските тригери.
  • Други тригери и иританси – издувни гасови од превозните средства (автомобили, автобуси, камиони), хемиски средства од домот или градината, домашна прашина и мувла, дим од цигари, стрес, лекови (како што се бета-блокаторите), сулфати во храната.

КАКО СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА АСТМА?

Астма не може да се дијагностицира без спирометрија. Доколку сметате дека имате некоја форма на астма, би требало да го информирате вашиот доктор за сите ваши симптоми. Доколу вашиот доктор смета дека овие симптоми може да се како резултат на астма, тој ќе ви назначи спирометрија, но и дополнителни лабораториски испитувања, тестови за проверка на вашиот имун систем.

 

Доколку вашата состојба не се подобрува по почеток на третманот, треба да се консултирате со пулмолог и/или специјалисти од областа на астмата кои можат да ви посочат дополнителни тестови за откривање на причината на астмата или одкривање на тригери во вашата животна средина.

ТРЕТИРАЊЕ НА АСТМА?

Откако оваа состојба е дијагностицирана мора да работите заедно со вашиот лекар за нејзино лекување и контрола. Треба да изготвите план за третирање на симптомите и подобрување на дишењето. Ваков план вклучува медикаменти, физичка активност, избегнување на тригери, мониторирање на дишењето.

 

Лековите кои се препишуваат имат улога да го намалат отокот односно воспалението на дишните патишта. Најчесто во форма на инхалатори и/или таблетарна форма. Постојат брзо-делувачки, исто познати и како спасувачки медикаменти и долго делувачки или контролни лекови. Најважен дел при лечењето е земање на овие лекови редовно и во ист временски интервал со што ќе ги превенирате симптомите.

 

Секој астматичар се препорачува да направи промени во животниот стил. Да има редовна и умерена физичка активност, да одржува нормална телесна тежина, да врши редовни контроли, да не престојува во простории каде е дозволено пушењето, да се вакцинира против грип и сезонски инфекции.

ИНФОРМАЦИИ

ХОЛТЕР