070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

СОВЕТИ ЗА ПАЦИЕНТИ СО ПОКАЧЕН КРВЕН ПРИТИСОК

Хипертензијата е синоним за покачен крвен притисок. Таа е честа појава кај денешната популација.

При тоа е потребно со сигурност да се исклучи или потврди дали постои трајно покачен притисок кој се смета дека е болест која сама за себе нема знаци но остава компликации по витални органи. Тоа се постигнува со повторувани мерења на крвниот притисок во разни периоди во денот и во тек на неколку недели, месеци и истите се регистрираат во одреден период. При тоа потребно е да се знаат нормалните варијации во текот на денот. Тој е највисок наутро со првото будење бидејќи тоа е стрес за организмот како и во попладневните часови (17 часот). За вредноста на притисокот има влијание и моменталната психофизичка активност. Спортот и физичката работа нормално го покачува, а во мирување е намален. Видот на исхраната игра улога како непосредно при мерењето така и за трајно покачување на истиот.

 

Консумирање на кафе, цигара и голема количина на течности (сок или алкохол) го покачува крвниот притисок. Исто така временските односно сезонски варијации влијаат на самиот организам. Затоа летно време поради високите температури се јавува вазодилатација на крвните садови и затоа имаме пониски вредности на крвниот притисок и обратно за време на студените денови.

НАЧИНОТ НА МЕРЕЊЕ ЗА ТОЧНИ ВРЕДНОСТИ Е ВАЖНА ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИТИСОКОТ

ИНСТРУКЦИИ ЗА МЕРЕЊЕ:
Поставување на манжетната на надлактицата, без многу стегање, ослободена од облека. Не е пожелно повекекратно повторување (мерење). Потребно е да се мери на двете раце, во седечка и лежечка положба со ист апарат. Сето тоа е во услови на мир и тишина. Еднаш или неколку пати измерен висок крвен притисок не значи и болест. Понекогаш и во времетраење од 1 месец се смета за нестабилно.

 

Доколку вашиот лекар смета дека станува збор за хронична болест тогаш треба сериозно и да се однесуваме кон неа. Само десет посто од болните имаат јасна причина за настанување на оваа состојба. Тука станува збор за болест на бубрег или хормонални заболувања. Кај останатите причианата останува непозната. Кај нив или има некој во фамилијата (предиспозиција) или неправилно се однесува во поглед на исхраната (внес на многу течности и сол, пушење). Сам по себе притисокот не дава симптоми. Потребно е да поминат некогаш години или случајно да се открие истиот. Нормални вредности се сметаат : систолен 110 до 130 и дијастолен 70-95 mmHg

КАЈ ПАЦИЕНТИТЕ СО ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК СЕ ПРЕПОРАЧУВА:

  • Физичка активност (брзо одење 20-30 минути/ден, фудбал, тенис, кошарка)
  • Престој на чист воздух
  • Одржување на телесната тежина блиску до идеалната (треба да ја одреди лекар според индексот на телесна маса )
  • Редовна и здрава исхрана.
  • Редовни лекарски контроли, по однапред направен распоред, дури и ако нема тегоби
  • Еднаш годишно контрола кај пациенти со регулиран крвен притисок, ако нема тешкотии од било кој вид
  • Редовно земање на лековите и спроведување на постапките за здрав начин на живот и здрава исхрана, онака како што е препорачано од лекар
  • Грижа за сопственото здравје и добра регулација на крвниот притисок.

КАЈ ПАЦИЕНТИТЕ СО ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА:

  • Отсуство на спорт и физичка активност
  • Пушење или претстој во простории каде се пуши
  • Пораст на телесната тежина над границата на лесна надхранетост
  • Ригорозни диети за брзо намалувење на тежината
  • Да не се пријават на лекарот појава на нови симптоми, наоди или друг податок, или појава на несакан ефект од  лековите
  • Промена на лековите или на дозите на лековите за крвниот притисок или други постапки без консултација на лекар
  • Очекување дека се зависи само од лекарите

ИНФОРМАЦИИ

ХОЛТЕР

Verified by MonsterInsights