При тоа е потребно со сигурност да се исклучи или потврди дали постои трајно покачен притисок кој се смета дека е болест која сама за себе нема знаци но остава компликации по витални органи. Тоа се постигнува со повторувани мерења на крвниот притисок во разни периоди во денот и во тек на неколку недели, месеци и истите се регистрираат во одреден период. При тоа потребно е да се знаат нормалните варијации во текот на денот. Тој е највисок наутро со првото будење бидејќи тоа е стрес за организмот како и во попладневните часови (17 часот). За вредноста на притисокот има влијание и моменталната психофизичка активност. Спортот и физичката работа нормално го покачува, а во мирување е намален. Видот на исхраната игра улога како непосредно при мерењето така и за трајно покачување на истиот.
Консумирање на кафе, цигара и голема количина на течности (сок или алкохол) го покачува крвниот притисок. Исто така временските односно сезонски варијации влијаат на самиот организам. Затоа летно време поради високите температури се јавува вазодилатација на крвните садови и затоа имаме пониски вредности на крвниот притисок и обратно за време на студените денови.