070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ПРОЛЕТ – СЕЗОНА НА АЛЕРГИИ

Пролетта е сезона на алергии, па затоа треба добро да се запознаеме со причинителите на истите и како да се превенираат или да се намалат симптомите навремено.

Алергиите се најчесто презентираат на човекот преку солзење на очите, течење на носот, кашлање, кивање, и во поретки случаи – гушење, кое настанува како бронхоспазам поради пресилна реакција на имунолошкиот систем на алергенот кој е внесен во нашето тело. Поради тоа, најважно е да знаеме што всушност претставуваат алергиите: Состојба во која организамот реагира бурно на надворешна супстанца откако таа ќе навлезе во човековото тело (алерген).

 

Алергените се делат во повеќе категории во зависност од тоа каде можат најчесто да се најдат, но оние кои го нарушуваат квалитетот на животот на луѓето склони кон алергија се најчесто наоѓаат во домашните животни, прашината, поленот, инсекти, крлежи, но и храна и лекови. За овој период од годината, најчести се алергените кои се наоѓаат во надворешната средина, а еден од најзначајните е поленот.

Поленот е многу чест алерген кој ги активира секвенците на настани кај луѓето склони на алергии од истиот, а најчестата форма на алергија која се презентира кај овие луѓе е алергискиот ринитис. Тоа е состојба во која пациентите имаат нос кој постојано тече и дава чувство на внатрешно чешање, но бргу може да се смене во иритабилна и сува состојба поради природата на самата болест. Покрај носот, кај алергискиот ринит страдаат и очите, така што пациентите имаат зголемена секреција од лакрималните жлезди (солзење), чешање и иритабилност. Бидејќи носот е поврзан со грлото и носот во еден внатрешен лавиринт, неретко кај пациентите имаме и чешање во внатрешноста на увото и устата (грлото), поради што се користат различни медикации за намалување на овие симптоми.

 

Алергискиот ринит настанува како резултат на нашиот организам ослободувајќи голем број на хемиски супстанции кои ја хипертрофираат (зголемуваат) слузницата на носот (или мукозната мембрана), со тоа што таа ослободува зголемена количина на мукус (секрет.) Најзначајна компонента која се активира и се излачува во зголемена содржина кај пациентите со алергија се Имуноглобулините Е (IgE), кои се показатели за присуство на алергија во човековото тело.

Покрај поленот, други супстанци кои предизвикуваат алергиски ринит се домашната прашина, сеното, како и парчиња од кожа или капки од урина или плунка од различни животни.

 

Многу ретко алергискиот ринитис претставува сериозен проблем за здравјето на човекот, а со напредната медицина во поглед на лекувањето, симптомите се смируваат брзо. Некои од посериозните состојби кои се јавуваат кај лицата склони на алергиски ринит се назална полипоза, синузит (воспалување на синусите) и инфекции на средното уво, од кои последните две бараат антибиотска терапија.

 

Во поглед на лекувањето, алергискиот ринит се најчесто лекува со спрејови кои користат супстанци наречени антихистаминици и кортикостероиди. Првите имаат дејство да го намалат излачувањето на таканаречените медијатори на воспаление, додека пак кортикостероидите директно го намалуваат воспалението кое се случува во назалната мукоза.

 

 

Сепак, поради преклопувањето на симптомите на алергискиот ринит со различните вирози и грипови, многу често се прави забуна за тоа дали станува збор за алергија, вироза, или грип. Еден начин да се разликуваат овие состојби е со испитување на директна вредност на IgE, која е достапна во нашата лабораторија! Покрај испитувањето на директната вредност на овој имуноглобулин, во нашата лабораторија вршиме испитувања на алергиски панели (педијатриски, нутритивен и инхалаторен) во кои има по 30 најчести алергени во панел, и на база на реакцијата на човековото тело на секој од овие алергени, се доаѓа до заклучок дали пациентот е алергичен на некој од нив.

 

Не чекајте поленот да ви го наруши квалитетот на животот дополнително, повелете кај нас и уверете се во квалитетот на нашите услуги!

Подготвил:
Д-р Драган Јанев

ИНФОРМАЦИИ

АЛЕРГИСКИ ПАНЕЛИ

Verified by MonsterInsights