Покрај поленот, други супстанци кои предизвикуваат алергиски ринит се домашната прашина, сеното, како и парчиња од кожа или капки од урина или плунка од различни животни.
Многу ретко алергискиот ринитис претставува сериозен проблем за здравјето на човекот, а со напредната медицина во поглед на лекувањето, симптомите се смируваат брзо. Некои од посериозните состојби кои се јавуваат кај лицата склони на алергиски ринит се назална полипоза, синузит (воспалување на синусите) и инфекции на средното уво, од кои последните две бараат антибиотска терапија.
Во поглед на лекувањето, алергискиот ринит се најчесто лекува со спрејови кои користат супстанци наречени антихистаминици и кортикостероиди. Првите имаат дејство да го намалат излачувањето на таканаречените медијатори на воспаление, додека пак кортикостероидите директно го намалуваат воспалението кое се случува во назалната мукоза.
Сепак, поради преклопувањето на симптомите на алергискиот ринит со различните вирози и грипови, многу често се прави забуна за тоа дали станува збор за алергија, вироза, или грип. Еден начин да се разликуваат овие состојби е со испитување на директна вредност на IgE, која е достапна во нашата лабораторија! Покрај испитувањето на директната вредност на овој имуноглобулин, во нашата лабораторија вршиме испитувања на алергиски панели (педијатриски, нутритивен и инхалаторен) во кои има по 30 најчести алергени во панел, и на база на реакцијата на човековото тело на секој од овие алергени, се доаѓа до заклучок дали пациентот е алергичен на некој од нив.
Не чекајте поленот да ви го наруши квалитетот на животот дополнително, повелете кај нас и уверете се во квалитетот на нашите услуги!
Подготвил:
Д-р Драган Јанев