070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ЛИПИДЕН СТАТУС

Липидите или мастите се функционална и структурна компонента на секоја клетка овозможувајќи истовремено извор на енергија (депо). Главните класи на липидите се холестерол и триглицериди, кои во крвта се пренесуваат со помош на липопротеински партикли.

Секоја липопротеинска партикла содржи протеин, холестерол, триглицериди, и фосфолипиди. Во крвта, липопротеините се сепарираат (со помош на ултрацентрифугирање) според нивната густина на ЛДЛ (LDL – c), ХДЛ (HDL – c), ВЛДЛ (VLDL – c), хиломикрони.

 

Покачувањето на холестеролот не предизвикува симптoми, но сепак предизвикува оштетување длабоко во нашето тело. Во тек на подолг временски период, високите вредности на холестерлот доведуваат до градење на плаки во артериите или состојба позната како атеросклероза. Ова доведува до стеснување на луменот на крвниот сад со намалување на протокот на крв што придонесува за срцеви исхемии и васкуларни болести. Подолу се наведени факторите кои кај една индивидуа доведуваат до покачени концентрации на липидите во циркулацијата, и што значи еден организам да е под зголемен ризик од заболувања кои ги предизвикува оваа состојба. Постојат многу едноставни тестови за да се детектираат високите концентрации на липидите во крвта, како и начини за да се намалат.

ЛДЛ- ХОЛЕСТЕРОЛ

Поголемото количество на холестерол во крвта се пренесува со помош на протеини наречени липопротеини со ниска густина или познати како “лош холестерол” бидејки се сврзува со други супстанции кои предизвикуваат блок на артериите. Исхрана богата со сатурирани масти и трансмасти доведува до покачување на нивото на ЛДЛ холестерол.

 

Оптималните и посакувани вредности на ЛДЛ холестеролот треба да се под 2.6 mmol/L.

ХДЛ- ХОЛЕСТЕРОЛ

Има улога на транспортер на холестеролот кој циркулира во крвта и помага во отстранување на лошиот холестерол, превенирајки да се таложи во крвните садови. Што повисоки нивоа на ХДЛ толку подобро. Исхрана богата со незаситени масти како што се маслиново масло, ленено, има позитивно влијание за концентрациите на ХДЛ холестеролот, каде што е битно производството кое мора да биде ладно пресирано и цедено. На овој начин се задржуваат здравите масни киселини, витаминот Е кој ги штити клетките и, пред се, биоактивните растителни материи. Од друга страна во рафинираните масла се унштени аромата бојата витамините, а се создадени материи кои се опасни за крвните садови.

 

Референтните граници за ХДЛ холестеролот се: 1,00 – 2,00 mmol/L.

ТОТАЛЕН ХОЛЕСТЕРОЛ

Претставува количество на ЛДЛ, ХДЛ, и ВЛДЛ холестерол во крвта. ВЛДЛ е прекурзор на ЛДЛ, лошиот холестерол.

 

Луѓето со високи вредности (над 6.2 mmol/L) на тоталниот холестерол имаат зголемен ризик за развој на срцеви заболувања во однос на оние кои имаат вредности под 5.2 mmol/L.

КОЈ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ИСПИТА?

Фактори кои придонесуваат кон хиперхолестеронемија:

  • Исхрана богата со транс и сатруирани масти, прекумерен внес на јагленохидрати;
  • Луѓе кои се со прекумерна тежина и обезни;
  • Физички неактивни;
  • Пушење;
  • Прекумерна конзумација на алкохол и покачени вредности на триглицериди;
  • Фамилијарна предиспозиција;
  • Постоечкo срцево-васкуларно заболување или кардиоваскуларна интервенција;
  • Предијабетес и дијабетес;
  • Возраст (мажи над 45 години и жени над 50-55 години);

КОИ ИСПИТУВАЊА СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ДА ГИ ПРОВЕРИТЕ ЛИПИДИТЕ ВО КРВТА?

Панел на биохемиски испитувања познат како липопротеински профил на гладно претставува мерење на различните форми на холестерол и триглицериди што циркулираат во крвта после 9-12ч гладување.

 

Липидниот профил се применува при правење на проценка за ризик од кардиоваскуларни заболувања, што претставува индивидуална проценка за добивање на кардиоваскуларна болест.

 

Во зависност од резултатите и присутните ризик фактори, опциите за третман може да вклучат промени во животниот стил, како вежби или промена на режим на исхрана или вклучување на лек за намалување на мастите – статин.

 

Мониторирање и одржување на нормални концентрации на липидите во циркулацијата е важно за целокупното здравје.

ЛИПИДЕН ПРОФИЛ ВКЛУЧУВА

  • Тотален холестерол – претставува мерење на вкупниот холестерол застапен во сите липопротеински партикли; Оптимални вредности на тоталниот холестерол се: под 5.2 mmol/L. Високи вредности се сметаат над 6.22 mmol/L.
  • Липопротеин со висока густина (HDL – C) – претставува мерење на холестеролот во HDL партиклите;
  • Липопротеин со мала густина (LDL – C) – пресметува мерење на холестеролот во LDL партиклите;
  • Триглицериди – претставува мерење на вкупните триглицериди во сите честички на липопротеини; најмногу се застапени во липопротеини со многу ниска густина (VLDL);

 

Високите вредности на липиди и / или присуство на други фактори на ризик како што се возраста, семејната историја, пушење цигари, дијабетес и висок крвен притисок, може да означуваат дека испитаникот има потреба од третман.

ИНФОРМАЦИИ

ХОЛТЕР

Verified by MonsterInsights