Секоја липопротеинска партикла содржи протеин, холестерол, триглицериди, и фосфолипиди. Во крвта, липопротеините се сепарираат (со помош на ултрацентрифугирање) според нивната густина на ЛДЛ (LDL – c), ХДЛ (HDL – c), ВЛДЛ (VLDL – c), хиломикрони.
Покачувањето на холестеролот не предизвикува симптoми, но сепак предизвикува оштетување длабоко во нашето тело. Во тек на подолг временски период, високите вредности на холестерлот доведуваат до градење на плаки во артериите или состојба позната како атеросклероза. Ова доведува до стеснување на луменот на крвниот сад со намалување на протокот на крв што придонесува за срцеви исхемии и васкуларни болести. Подолу се наведени факторите кои кај една индивидуа доведуваат до покачени концентрации на липидите во циркулацијата, и што значи еден организам да е под зголемен ризик од заболувања кои ги предизвикува оваа состојба. Постојат многу едноставни тестови за да се детектираат високите концентрации на липидите во крвта, како и начини за да се намалат.