070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ШТО Е КОЛОРЕКТАЛЕН КАРЦИНОМ?

Кога ќе се открие во рана фаза, излекувањето на колоректалниот карцином е со висок процент. Колоректалниот карцином настанува кога абнормални клетки растат во слузницата на дебелото црево (колон), и/или во слузницата на ректумот.

Заболувањето ги погодува и мажите и жените и е на трето место најчесто дијагностициран рак во САД. Колоректалниот карцином е втора водечка причина за смрт поврзана со рак во САД со околу 52.000 смртни случаи (26.000 мажи и 26.000 жени) во 2008 година.

 

Поголем дел од малигните заболувања кои се јавуваат кај колоректалниот карцином се нарекуваат аденокарциноми. При дијагностицирање на колоректален аденокарцином, малигните клетки на ракот растат во внатрешноста на дебелото црево и/или ректумот. Големи групации на овие клетки формираат структрури познати како тумори.

ШТО СЕ ПОЛИПИ?

3d illustration of Colon polyps. Polyp in the intestine. isolated black

Полипи се израстоци во внатрешната празнина на цревото, како цевчест шуплив орган. Повеќето од нив се безопасни, но некои може да преминат во карцином ако не се отстранат на време. Двата најчести типови на интестинални полипи се аденоми и хиперпластични полипи. Тие се формираат кога настануваат проблеми при делбата и растот на клетките и нивното учество во репарацијата (поправка) на цревната слузокожа во дебелото црево.

РИЗИК ФАКТОРИ ЗА КОЛОРЕКТАЛЕН КАРЦИНОМ

Точната причина за колоректален карцином не е позната. Сепак, постојат голем број на познати фактори на ризик кои ги зголемуваат шансите за развој на болеста. Тоа се:

РИЗИК ФАКТОРИ НА КОИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВЛИЈАЕ

  • Возраста – поединици над 50 годишна возраст се со зголемен ризик за колоректален карцином.
  • Фамилијарна историја – индивидуи кои имаат еден или повеќе блиски роднини кои имаат дијагностициран колоректален карцином, рак на дојка или оваријален карцином може да се изложени на зголемен ризик за оваа болест.
  • Интестинални полипи и инфламаторна болест на цревата – одредени видови полипи на дебелото црево кои се бенигни израстоци на ткивото може да претставуваат знак или предупредување на колоректален карцином.

РИЗИК ФАКТОРИ НА КОИ МОЖЕ ДА СЕ ДЕЈСТВУВА

 

Обидете се да ги одбегнувате работите кои го зголемуваат вашиот ризик за добивање на колоректален карцином:

 

  • Консумација на големи порции на црвено обработено месо приготвувано на високи температури, особено сланина, шунка, колбаси, салама;
  • Обезност (абдоминална дебелина или голем обем на струк) или БМИ >30 kg/m2; концентрирано масно ткиво околу половината – тело во облик на јаболко.
  • Отсуство на физичка активност;
  • Пушење;

ИНФОРМАЦИИ

ХОЛТЕР

Verified by MonsterInsights