
Хеликобактер пилори предизвикува повеќе од 90% од чиревите (улкус) на дуоденум (дванаесетпалачно црево) и до 80% од чиревите на желудникот. До 1982 година, кога е откриена бактеријата, се мислело дека главни предизвикувачи на улкус на гастроинтестиналниот тракт се јако зачинета и кисела храна, стрес и лоши животни навики. Така, пациентите добивале разни лекови кои само ги ублажувале симптомите на болеста, но не доведувале до излекување. Најчесто, по прекин на терапијата симптомите се враќале. Денес е јасно дека причината за симптомите и болеста кај тие пациенти била бактерија која “преживувала” во организмот.
Освен на желудечната слузница, ХП кај луѓето е откриена и на раните во усната шуплина, забните наслаги, плунката, а докажана е и во столицата.
ХП е спирална бактерија која е пронајдена на желудечната слузница. Единствена бактерија која може да преживее во екстремно кисела средина, во присуство на многу малку кислород и при температура од 37 степени Целзиус.
Во човековата околина (вода, храна, отпадна вода) ХП е пронајдена во големо присуство, со оглед на тоа дека спаѓа во бактерии кои се многу осетливи на надворешни влијанија, и тогаш само во облик на спора, форма за која не е докажано дека предизвикува болест.

Силни болки, кои значајно влијаат врз квалитетот на живеење
Според препораките на Европската работна група за ХП инфекција, посебно се препорачува лечење на ХП инфекцијата кај сите позитивни наоди кај пациентите кои имаат улкус, а посебно кај оние кои имале минато крварење од чирот. По излекувањето на инфекцијата улкусите кога еднаш зараснале немаат тенденција повторно да се појават, исто така и крварењето се сведува на нула.