070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

НЕНАДЕЈНИ ПРИЧИНИ ЗА ГРАДНА БОЛКА

ПАНИЧЕН НАПАД

Паничниот напад може да изгледа како градна болка, покрај која може и да се појават симптоми на недостаток на воздух, забрзана работа на срцето, трнење по рацете и нозете. Некои луѓе може да осетат несвестица и вртоглавица како и осет за губење на свеста.

 

Паничниот напад може да биде тригиран од стресен настан или да се појави ненајдејно без причина. Паничните напади се состојби со кои човекот сам тешко се справува па најчесто е потребна помош за да не дојде влошување на состојбата.

ХЕРПЕС ЗОСТЕР ВИРУС

Појавата на градна болка придружена со раш (rash), односно осип со плускавици на градниот кош или грбот, најчесто е асоцирана со болеста од вирусот на сипаница Херпес зостер. При тоа нервите кои се засегнати на грбот или градниот кош придизвикуваат силна болка.

 

Херпесот зостер најчесто поминува сам од себе но препорачливо е да се обрати кај лекар за лекување на симптомите или побрзо заздравување.

ХЕРНИЈА

 

ХП инфекцијата е најчеста кај деца кои креветот го делат со родителите или други инфицирани деца. Најбрзо се инфицираат деца кои живеат во лоши социо-економски услови и напуштени простори. Се смета дека кога детето ќе се зарази со ХП во рана возраст, после лекување полесно може да се повтори нова инфекција, особено во првите 5 години од животот.

 

После 5-тата година инфекција со ХП е значително поретка, слично како и кај возрасните. Се смета дека ова е поради тоа што детето останува да живее со истата фамилија, во иста инфицирана средина.

ХОЛЕЛИТИЈАЗА (КАМЕН ВО ЖОЛЧКА)

Холелитијаза е болест на жолчното кесе односно создавање на камења во жолчката. Камењата се создаваат кога одредена супстанција ке ја надмине нормалната концентрација и станува нерастворлива во жолчниот сок и како резултат на тоа се формираат кристали на кои се таложи слуз, бактерии и други состојки. Тие може да бидат големи како зрно песок или голфска топка.

 

Доколку еден го блокира патот од жолчката до одвоните патишта до тенкото црево се појавува силна болка во стомакот која може да се шири во градниот кош, грбот или десното рамо. Најчесто се случува навечер после обилен оброк.

 

МУСКУЛНА БОЛКА

Напорна физичка активност, потешка одколку при нормалното оптоварување, може да доведе до воспаление на мусклулите на градниот кош.

Се јавува болка при одредено движење или седење како и при длабоко вдишување кога се растргаат мускули. Подобрувањето ќе се осети со намалување на опсегот на вежбањето со примена на лесни вежби без дигање на тежина. Креми за загревање или ладни облоги може да ја ублажат болката.

ДИСКОПАТИЈА

Состојба при која се оштетени еден или повеќе интервертебрални дискови од рбетниот столб поради траума или дегенеративни промени. При вклештување на нерв помеѓу дискот од рбетниот столб на ниво на вратот или клушната коска болка се осека во градите или грбот.

 

Преголем притисок на нервот доведува до нарушување на неговата функција. Чувство на трнење или боцкање. Се третира со НСАИЛ или хирургија за да се намали притисокот.

 

ПУЛМОНАЛЕН ЕМБОЛИЗАМ

Пулмонален емболизам е состојба кога крвен коагулум формиран било каде во организмот стигне до крвните садови во белите дробови. Ова доведува до престанок на доток на кислород до белите дробови. Се јавува болка во градите при вдишување, кашлање, јадење и напрегање нанапред.

 

При појава на овие симптоми потребно веднаш да се обратите на доктор . Лековите кои се аплицираат, спречуваат крвниот коагулум да се зголеми или да се јави на друго место и да оштети повеќе ткива.

АНГИНА

Доколку телото не праќа кислород до срцевиот мускул се јаувува стегање притисок и болка во градите која ја нарекуваме ангина. Некои луѓе осеќаат болка во рамената, рацете, вратот, грбот, вилицата. Може да биде тригерирана од физичи напор, обилен оброк, стрес. Може да биде знакк за друго нарушување на срцето. При појава на оваа болка потребно е да се обратете на лекар, специјалист интернист или кардиолог за дефинитивна дијагноза. Ангината најчесто се јавува кај луѓе кои имаат дијабетес, покачено ниво на холестерол во крвта (дислипидемија), висок крвен притисок, нередовна физичка активност и нездрава исхрана.

СРЦЕВ УДАР

Градната болка е најчест симптом кај срцевиот удар. Доколку чувствувате голем притисок во градите кој трае повеќе од неколку минути, вртоглавица, отежнато дишење, болка и кочење на левата рака потребно е да се повика брза помош за навремена интервенција која е од суштинско значење при оваа состојба.

 

Жените кои имаат срцев удар може да почувствуваат посуптилни симптоми.

ИНФОРМАЦИИ

ХОЛТЕР

Verified by MonsterInsights