070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ДИЈАБЕТОТ И ВАШИТЕ БУБРЕЗИ

Дијабетот се нарекува уште и “шеќерна болест”. Тоа е болест кога вашето тело има проблем со хормонот наречен инсулин, кој им помага на клетките да го искористат шеќерот (наречен глукоза) за создавање енергија. Кога има проблем со создавање на инсулинот, или вашето тело не дава соодветен одговор на присутниот инсулин, останува поголема количина на шеќер во крвта и крвните садови. Оваа голема количина на шеќер може да оштети и да ја наруши функцијата на повеќе делови од вашето тело.

Постојат два главни типа на дијабет:

 

Тип 1 дијабет (Инсулин-зависен дијабет)

  • Автоимуно заболување со генетска предиспозиција
  • Се јавува најчесто кај деца, тинејџери и млади луѓе
  • Панкреасот создава многу малку или воопшто не создава инсулин
  • Потребни се инсулински инјекции во текот на денот или инсулинска пумпа

 

Тип 2 дијабет (Инсулин-независен дијабет)

  • Најчеста форма на стекнат дијабет со можна генетска предиспозиција.
  • Почесто се јавува кај возрастните над 40год но во последните години се јавува и кај тинејџери и млади луѓе со прекумерна телесна тежина.
  • На почетокот на болеста панкреасот создава инсулин, но не може добро да биде
    искористен од телото (проблем во рецепторите за инсулин). Подоцна во текот на болеста може да се намали и создавањето на инсулин.
  • Најчести симптоми се малаксаност, сува уста, полидипсија (зголемен внес на течности), полифагија (зголемен апетит), полиурија (често мокрење).

КАКО МОЖЕ ДИЈАБЕТОТ ДА ИМ НАШТЕТИ НА ВАШИТЕ БУБРЕЗИ?

Замислете си ги вашите бубрези како филтер кој ги задржува во вашето тело сите оние материи кои му се потребни, а ги исфрла оние кои не му се потребни. Филтерите во вашите бубрези се состојат од мноштво клопчиња на тенки крвни садови, наречени гломерули.

 

Низ овие крвни садови се филтрираат отпадните материи од вашата крв, а се задржуваат потребните материи во крвта. Големата количина на шеќер во крвта, над нормалните вредности, може да ги оштети овие крвни садови и да предизвика дијабетична бубрежна болест, уште наречена дијабетична нефропатија.

 

Оштетувањето на бубрезите не настапува брзо. Понекогаш за тоа се потребни многу години, и ако не се превенира на време, не може да се излекува. Доколку, дијабетичната бубрежна болест не се третира, може да доведе до бубрежна слабост. Доколку имате бубрежна слабост, мора да бидете третирани со дијализа или да ви биде направена бубрежна трансплантација за да се оддржи нормална бубрежна функција.

КОИ ТЕСТОВИ ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВАТ?

За вашиот дијабет

  • Тест на глукоза во крвта
  • Хемоглобин А1с

 

 

За вашите бубрези

  • Следење, редовно мерење на крвниот притисок
  • Тестирање на урина
  • ГФР

 

Оштетувањето на бубрезите од шеќерната болест доведува до пропуштање на некои белковини или протеини во урината (мокрачата). Овој протеин се нарекува албумин. Вашиот лекар може да побара собирање на 24 часовна урина за да го тестира нивото на албумин. Доколку тестот покаже присуство на протеини во урината, лекарот може да ви каже дека имате “протеинурија” или “микроалбуминурија”, во зависност од количината на протеините.

 

Гломеруларна Филтрациска Рата,  (ГФР)

Ова е најдобриот начин за да дознаете колку всушност работат вашите бубрези, односно колку добро ја прочистуваат крвта од отпадните материи. Со одредување на ГФР вашиот лекар ќе ја тестира вашата крв за нивото на креатининот во серумот. Мерење на вредноста на ГФР е овозможено преку посебен тест, клиренс на креатинин, врз основа на добиената концентрација на креатинин во серумот и неговата количина исфрлена со урината во тек на 24 часа.

КАКО ДА ГИ СОЧУВАТЕ БУБРЕЗИТЕ ОД ОШТЕТУВАЊЕ ПОРАДИ ДИЈАБЕТЕС?

Одржувајте го хемоглобинот А1с на или под вредност од 6.5%.

Одржувајте го вашиот крвен притисок под 130/80 mmHg во просек од повеќе мерења.

Разговарајте со вашиот доктор за уринарниот тест за микроалбумин најмалку еднаш годишно, потоа, за лековите и храната кои ги земате, а кои можат да ги заштитат вашите бубрези.

ИНФОРМАЦИИ

ХОЛТЕР