070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

АКУТЕН БРОНХИТИС

Заболувањата на респираторниот систем се најзастапени во есенско - зимскиот период од годината. Пациентите честопати се јавуваат на лекар поради појава на симптоми кои се знак на респираторно засегање, како што се отежнато дишење, кашлица, градна болка, придружени со покачена телесна температура, болки во грлото, течење на носот и кивавица.

Акутниот бронхит претставува акутно воспаление на трахеобронхалното стебло и честопати се нарекува акутен трахеобронхит. Ова е едно од најчестите респираторни заболувања, кое се јавува претежно како резултат на вирусни (инфлуенца и параинфлуенца вирус, респираторен синцицијален вирус), пикорно вируси, адено вируси, а поретко од бактериски инфекции: пневмококи, хемофилус, стафилококи, спирохети. Но, понекогаш и причинители како што се ацетон, амонијак, а и полен и други инхалациони алергени можат да предизвикаат акутен бронхит. Освен причинителите, има и други фактори кои помагаат во развој на клиничката слика на акутниот бронхит, на пример влажната и студена клима, зголеменото аерозагадување, а исто така и пушењето како најголем ризик фактор за респираторните заболувања.

ПАТОАНАТОМСКИ ПРОМЕНИ

Патоанатомските промени кои настануваат при трахеобронхитите се должат на литичниот ефект на вирусите и бактериите врз цилиндричниот епител на трахеобронхеалното стебло при што настанува воспалителен процес кој доведува до разивање на клиничка слика, а според тоа и се разликува катарален, фибринозен, гноен и некротичен трахеобронхитис.

КЛИНИЧКА СЛИКА – СИМПТОМИ

Клиничката слика се катактеризира со појава на надразнувачка, сува кашлица , пратена со градна болка зад градната коска. По 2-3 дена се јавува секрет кој е редок и слузав, понекогаш и слузаво-гноен секрет, помешан со тенки жилички крв. Кашлицата е упорна, со обилна секреција, а може да трае и до 2 недели од почетокот на болеста. Телесната температура е лесно покачена, но симптоми како диспнеа и цијаноза нема. При преглед на пациентот на аускултација се присутни суви и средни или крупни влажни бронхитични шумови, изразени во долните партии на белите дробови.

ДИЈАГНОЗА

Дијагнозата на заболувањето се поставува со добро земена анамнеза, детално извршен лекарски прегед и превземање на дополнителни дијагностички мерки, лабораториски анализи, каде седиментацијата и леукоцитите ке бидат лесно покачени, а доколку е потрабно се прави и РТГ снимка на белите дробови, која најчесто се прави за диференцијално дијагностички цели (бронхопневмонии, бронхиектазии и белодробна туберкулоза).

ТЕРАПИЈА

Teрапијата на акутниот бронхитис е симптоматска и етиолошка. Симтоматската терапија се состои од смирување на симптомите: кашлицата, градната болка и температурата со антипиретици (парацетамол, НСАИЛ, фервекс), исхрана лесна, збогатена со витамини и течности.

 

Етиолошката терапија е антибиотска според предходно изолираниот причинител и добиентиот антибиограм. Прогнозата кај ова заболување е добра. Заболувањето може да трае од неколку дена до 2-3 недели, а тоа зависи од возраста и здравствената состојба на пациентот.

 

Доколку се работи за здрав организам болеста поминува без компликации, но доколку болниот има и друго хронично заболување болеста трае подолго време и бара поголемо внимание.

ИНФОРМАЦИИ

ХОЛТЕР