ПЗУ ``Прим. Д-р.Самарџиски`` како светилник на хуманоста веќе две децении со најголема сила Ве потсетува на нашата заедничка обврска покрај грижата за своето здравје да се грижиме и едни за други.
ПЗУ ” Прим. Д-р Самарџиски” е приватна здравствена установа,
основана во Мај 1998 година со цел да го унапредува и подобрува здравјето на своите пациенти.
Работата ја започна на 1 Септември, на ул. Пиринска бр.75-б во изнајмени простории, како амбуланта по општа медицина.
Започна со работа
амбуланта по Општа медицина
во с.Караорман
Започна со работа
специјалистичка ординација
по Интерна медицина
Започна со работа
биохемиска лабораторија
НАШАТА ВИЗИЈА е да го трансформираме здравствениот систем преку здрави навики за квалитет, сигурност и услуга. Да бидеме препознати по нашите задоволни пациенти, колеги доктори и пријатели како установа за:
НАШАТА МИСИЈА е преку континурирана и професионална услуга да допреме до граѓаните и да ја разбудиме во нив желбата да станат дел од оваа визија. Да ги мотивираме и предочиме да работат во тим, да се вклучат во акции за помош на ранливите категории и онаму каде што е повредено човековото достоинство.
ПЗУ “Прим Д-р Самарџиски” без разлика на раса, вера и определби, пренесува и споделува заедничката грижа и помош на сите оние на кои им е потребна.
Взаемната соработка со останатите организации и институции ни овозможува брзо и професионално извршување на бројни активности, проекти, презентации и учевства. Со нашиот ентузиазам и ентузијазамот на нашите пациенти успеавме да создадеме и пружиме квалитена и ефикасна услуга на секој што е потребно. Се надеваме дека во овој, трет милениум, луѓето од целиот свет ќе уживаат во подобар живот.
Започна со работа
аптека “МЕДИФАРМ”
Излезе првиот број на весникот
Ние Вие и Здравјето
– информативно списание –
Се формира клубот
за здрав начин на живот
“Ние Вие и Здравјето”