070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ПРИМ. Д-Р ЦВЕТАНКА МАНЕВА САМАРЏИСКА

Прим. Д-р Цветанка Манева Самарџиска е родена на 30 април 1962 год. во градот Штип. Основно училиште завршува во ОУ “Ванчо Прке” во Штип. Истовремено, паралелно со основното го посетува и нижото музичко училиште во Штип, инструмент клавир. Своето средно образование го завршува во гимназијата “Славчо Стојменски” во Штип. Како многу талентирана, трудољубива и хумана ученичка таа по завршувањето на своето средно образование одлучува да продолжи по стапките на својот татко Борислав и се запишува на Медицинскиот факултет во Скопје и во 1985 год. дипломира на истиот.

 

По дипломирањето Прим. Д-р Цветанка Манева Самарџиска во 1986 год. се вработува во Медицински центар Штип во РЕ за Трансфузиологија каде се здобива со своите први лекарски искуства. Потоа е преместена на извршување на своите лекарски работни обврски во РЕ за Општа и Трудова медицина, каде работи до 1990 год. од каде заминува на спицијализација по Интерна медицина на Униберзитетот „Св. Кирил и Методи“ – Скопје. Во 1994 год. се враќа во родниот град како специјалист за интерни болести и почнува со работа во Работната единица за Интерни болести во одделот за кардиологија (единица за коронарен стрес тест). За време на своето специјалистичко работење таа не застанува со своето надоградување со знаење од областа на интерната медицина и посетува многу интернационални симпозиуми, учестува на голем број конгреси а воедно има објавено повеќе научни трудови како во земјата така и во странство поради што во 1999 година се здобива со звање Примариус со што станува најмлад примариус во Медицински центар Штип.

 

Покрај својата лекарска пракса таа несебично своето знаење го пренесува како стручен соработник, едукатор на учениците во Средното медицинско училиште каде го предава предметот Интерни болести. Прим. Д-р Цветанка Манева Самарџиска неуморно го пренесува своето богато знаење и на своите пациенти во ПЗУ “Прим. Д-р Самарџиски”. Прим. Д-р Цветанка Манева Самарџиска е издавач на едукативното списание “Ние Вие и Здравјето”. Автор е на повеќе информативни и научни текстови во медицинските списанија ширум Македонија. Исто така е автор на повеќе книги Исхрана и болести, Историја на медицината, Висок крвен притисок.

 

Хуманоста, добрината и креативноста на Прим. Д-р Цветанка Манева Самарџиска се оддалеку видливи, таа на многу различни начини неуморно им помага на луѓето околу себе за кои дела е добитник на Благодарница од Македонско лекарско друштво и Златна Плакета од Републичкиот Црвен Крст по повод 60 годишнината. Прим.д-р. Цветанка Манева Самарџиска е назначена за потпретседател на Општинската организација на Црвен крст – Штип.

 

Во 2011 година Др. Цветанка како еден од основачите на здружението “Интерниси” на РМ, активно учествува во работата на здружението како главен уредник на официјалното списание здружението – Интернисти.

 

Прим. д-р Цветанка Манева Самарџиска заедно со неколку коавтори има издадено стручна книга под наслов “Хронично белодробно срце”.

Останати признанија и активности:

  • Диплома од 2-от Ехокардиографски курс со практична настава ( 09-13.06.1997г.) на Клиниката за кардиологија при Клиничкиот центар –Скопје;
  • Сертификат за учество во работата на Дијабетолошката школа 16 ( 25-26.10.2001г.) Скопје;
  • Сертификат од Македонско лекарско друштво и Лекарска комора на Македонија за учество на работилница за: “Практикување на медицина базирана на докази кај пациенти со хипертензија и повеќе коморбидни состојби” (10.03.2007г.) во Штип;
  • Учество на Семинар “Современ пристап во испитувањето и лекувањето на артериска хипертензија” (25.03.1994г.) – Штип;
  • Диплома од Црвениот крст на Република Македонија за учество на “Семинарот за здравствено воспитание и превенција на дроги, СПИ и ХИВ/Сида (23-25.Ноември 2005г.) – Струга;
  • Сертификат од Здружение на кардиолози на Република Македонија и Клиника за кардиологија за учество на стручен состанок на тема “Ревидирани препораки во третманот на акутен коронарен синдром” (19 Септември 2007г.) – Скопје;
  • Конгрес Стокхолм (7-11 Септември 1996г.);
  • 5 Интернационален конгрес Тенерифе (01-07 Мај 1999г.);
  • 16 Инетернационален конгрес Мексико (19-24 Октомври 1997г.);
  • Конгрес Мадрид (09-13 Октомври 1999г.);
  • Малта (14.03.1997г.);
  • Учество на “Првиот Македонски пулмо-алерголошки конгрес – меѓународно учество” (06-10 Септември 1993г.) – Охрид;
  • 4 Светски конгрес (19-21 Јануари 2000г.) Каиро, Египет;
  • Учество во Модул 2 од програмата за “Континуирана Медицинска Едукација на Македонија – КМЕ Центар (17-28.04.2000г.) Велес;
  • Медал од Црениот крст на Македонија за долгогодишни активности и работа;
  • Учество на “Втор конгрес на Македонското здручение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи” (08-10 Септември 1997г.) Струга;
  • Сертификат за учество на 1 Македонски имунолошки конгрес (01-05 Октомври 1996г.) Охрид;
  • Постер Презентација на стручен труд (06-10 Октомври 1999г.).