070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ВИТАМИНСКО-МИНЕРАЛНИ ПРЕПАРАТИ

Витаминско минералните препарати се хранливи состојки, кои влијаат врз физиолошките функции во организамот. Немаат енергетски вредност, но затоа имаат незаменлива улога во најважните животни процеси. На организмот му треба многу мало количество од тие состојки- илјадити дел од грамот, дури и помалку. Досега се откриени тринаесет витамини.

 

Откако пред 60-ина години беше откриен првиот витамин (витамин А), а пред 40 години последниот, витаминот Б12, витамините се постојано интересно подрачје за проучување и за нови откритија во поглед на нивната улога во нашето тело. Човековиот организам не е во состојба самиот да создава витамини, затоа мора редовно да го добива потребното количество. Количеството на витамини и минерали во хранителните производи зависи, во голема мера, од тоа каде и на каков начин била произведена храната, како била чувана и приготвена.

 

Потребите на организмот од витамини и минерали зависат од многу фактори: генетска различност, исхрана, животни навики и средина, постојано земање на некои хранителни продукти. Тие потреби се поголеми кај луѓе што јадат еднолична храна со малку калории, кај бремени жени и мајки што дојат, кај повозрасни, кај деца и младинци во периодот на растење и развој, кај луѓе што редовно земаат некои лекови (контрацепциски таблети) или некои видови лекови кај психички заболувања (фенотијазини) и кај оние што имаат болест на зависност – алкохоличари и пушачи.