070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ВАРЕЊЕ

НАРУШУВАЊА ВО ВАРЕЊЕТО НА ХРАНАТА

Сите луѓе понекогаш имаат проблеми со варењето, без оглед на возраста и полот. Веројатноста за нивна појава се зголемува со возраста, бидејќи ефикасноста на системот за варење со текот на времето слабее. Повремени или трајни проблеми со варењето, исто така, може да бидат последица на прекумерено јадење или пиење алкохол, често користење аналгетици, како што е ацетилсалицилната киселина или други средства за намалување на болките, јадење под влијание на стрес или јадење продукти што го надразнуваат организмот.

 

Две најчести причини за тегоби при варењето се дебелината, која го зголемува притисокот во стомачната празнина и пушењето кое го потикнува создавањето на желудочна киселина и го олабавува долниот сфинктер на хранопроводот. Половина од луѓето кои имаат проблеми со варењето се заразени со бактеријата Helicobacter pylori.

ПРОБЛЕМИТЕ СО ВАРЕЊЕТО МОЖАТ ДА СЕ ПОЈАВАТ ВО РАЗНИ ОБЛИЦИ

Симптоми кои укажуваат дека нормалното варење е отежнато се следниве:

 

  • Ждригавица
  • Гасови или подждригнување
  • Притисок или болка во стомакот која може да се шири кон градите
  • Мачнина
  • Повраќање

Тегобите при варењето може да бидат краткотрајни или постојани. Иако се многу непријатни, не се опасни за животот, освен кога станува збор за посериозно нарушување. Истите можат да бидат последица на многу причинители, па затоа не постои универзален начин за лекување на сите нарушувања.

 

Сепак постојат голем број на препарати кои можат да придонесат за нивно олеснување. Лекови за лекување на ждригавицата, како антацидите и другите лекови што влијаат врз создавањето на желудочната киселина се првиот избор на третман кај овој тип на нарушувања.

 

За лекување пак на нарушувањата проследени со силни болки се користи комбинација на антациди и анестетик (лидокаин). Доколку пак се открие постоење на бактеријата Helicobacter pylori, лекувањето со антибиотици може да ја отстрани инфекцијата.

МНОГУ ЧАЕВИ БЛАГОТВОРНО ДЕЛУВААТ НА ВАРЕЊЕТО

Овде спаѓаат:

 

  • Нане (Mentha piperita),
  • Мајска снегулка (Filipendula ulmaria),
  • Камилица (Matricaria recutita),
  • Маточина (Melissa officinalli).

Тегобите при варењето се чести и речиси е невозможно да се избегнат. Но одржувањето на соодветна телесна тежина, избегнувањето на прејадување (особено на храна богата со масти) и претераното пиење алкохол, избегнувањето храна што тешко се вари и воздржувањето од пушење значително ке ги намали истите.