Секој од нас барем еднаш во животот се обидел да држи диета. Без оглед на тоа за каква диета станува збор, резултатот на слабеењето во најголем број случаи е краткотраен. На почетокот се поставува прашањето: Зошто се здебелуваме? Одговорот се разбира гласи: Зошто премногу јадеме. Всушност јадеме повеќе отколку што трошиме. Покрај тоа често јадеме погрешно јадење во погрешно време.
Човекот ослабнува и останува таков пред се кога знае, што се случува во неговото тело пред, за време и по јадењето. Фактот дека се здебелуваме всушност не е вина на нашиот желудник, туку на мозокот. Во него се случува се што го одржува телото активно. Токму таму се обработуваат податоците за потребата од хранливи материи, за жед, глад и ситост, се праќаат пораки до другите делови од телото и се предизвикуваат импулси за одредени начини на однесување.
Според историјата на развојот, големиот мозок е најстариот дел од мозокот. Делови од системот на големиот мозок се и продолжениот ‘рбетен мозок и хипоталамусот кој претставува врска меѓу телото и големиот мозок. Хипоталамусот е многу ситен дел, голем колку ситна монета, но и покрај тоа тој е одговорен за регулирање на сите биолошки потреби на телото. Тоа значи дека хипоталамусот управува со над седумдесет билиони телесни клетки, а со тоа всушност е нашиот центар за опстанување. Токму во овој дел од мозокот се сместени центарот за глад и за ситост. Таму се пренесуваат сите податоци за примање храна и нејзино варење – и овде се решава, кога е доволно и кога треба да се прекине јадењето. Тоа се случува со дејствување на многу хормони за глад и ситост. Некои дејствуваат краткорочно, некои долгорочно, а некои не предизвикуваат само општ глад, туку и глад за определен вид храна. Една многу важна функција на хипоталамусот, што се однесува на намалувањето на тежината е префрлувањето на телесните функции од дневен на ноќен вид на работа.
При појавата на негативни чувства, како глад и жед, природата настојува да ја засили мотивацијата: не потикнува со дополнителни позитивни чувства и телесни реакции. За тоа е одговорен центарот за задоволство и лимбичкиот систем или делот на мозокот за чувства. Тој предизвикува по јадењето да се чувствуваме не само најадени туку и пријатно сити. Колку е добро да се внесе храна дознаваме уште како доенчиња. Фактот дека јадењето ни предизвикува пријатно чувство и задоволство односно може да ги отстрани непријатните чувства е дел од нашите праискуства. Ваквите чувства ги предизвикуваат хормоните, како на пример хормонот за среќа серотонин. Центарот за задоволство е многу осетлив. На најмало количество храна на јазикот или само со нејзиниот мирис може да го активира цантарот за наслада и да предизвика желба за јадење.
Хормоните се пренесуваат со крвта кон нивните целни органи и клетки. Тие се врзуваат со клетката на посебно место, таканаречен рецептор и на тој начин ја пренесуваат пораката. Колку хормони ќе бидат излачени одредуваат многу стимулативни и инхибирачки контролни хормони. Лачењето на хормоните трае се додека не се појави хормонален сигнал. Кога на телото му се потребни важни хранливи материи со помош на хормонските известувачи прво се укажува на потребата, по што следува соодветно внесување храна. Процесот завршува дури кога бараните хранливи материи ќе се пренесат до соодветното место, односно во клетката.
За да може да се сфати принципот “ослабете додека спиете”, важно е да се знае дека од хипоталамусот на центарот за хормони деноноќно се испраќаат барања за лачење. Особено ноќе се лачи хормонот за растење, за да може во текот на ноќта да се активираат процесите за обновување кои му се потребни на телото, бидејќи само тогаш, со соодветна исхрана и движење, почнува разградување на масните наслојки. Четири хормони имаат решавачка улога кај принципот “ослабете додека спиете”.
Овде спаѓаат:
Големиот мозок, центарот за глад и ситост, дигестивниот тракт и различните ткива постајоно меѓусебно разменуваат податоци. Нервните сигнали, хормоните и невротрансмитерите постојано јавуваат каде и што недостасува, и како таа празнина да се пополни. Кон тоа се придружуваат и други учесници, како на пример стресхормоните, хормоните за среќа, регулаторот за топлина и многу други. Не треба да се заборави фактот дека нашиот вегетативен нервен систем кој всушност ја регулира размената на материите и функцијата на органите, постојано се обидува да одржува рамнотежа во организамот. За управување на многу животни процеси природата често го користи принципот на спротивности. Тоа значи дека состојба на рамнотежа може да се воспостави само ако протиставените сили се во рамнотежа.
Во горенаведените примери се случуваат сложени процеси и само човекот кој знае зошто се дебелее, може да ја сврти работата во своја полза и да ослаби со помош на хормоните, а воедно може едноставно и јасно да се заклучи дека едностраните диети што се засновани исклучиво врз тоа да се намали количеството на внесување на калории, порано или подоцна водат кон напад на глад поради што не го даваат саканиот успех за намалување на тежината.